Volkswagen Arteon SB го враќа шармот на комби-моделите

Volkswagen Arteon Shooting Brake
Volkswagen Arteon Shooting Brake

Volkswagen ја подготвува премиерата на освеженото моделско годиште на знаменосецот Arteon за крајот на месецов. Покрај купе-лимузината, во иднина ќе се нуди и спортско комби, со додаток во името Shooting Brake. Неколку неофицијални фотографии првпат го покажуваат конечниот изглед на новата моделска изведба.

На сцената подолго време се зборуваше декa Volkswagen подготвува комби-купе изведба во гамата на Arteon. Волфсбург неодамна потврди дека премиерата ќе се случи на 24-ти јуни. Заедно со освеженото моделско годиште на знаменосецот во лимузинската понуда на Volkswagen пристига и спортското комби Shooting Brake. Како што се случвуа често, новитетот се појави пред јавноста кусо пред премиерата. На фотографиите направени во Кина првпат се забележува јасно линијата на Arteon Shooting Brake.

Тоа што има заштитна црна пластика на арките на крилата и на праговите укажува дека Volkswagen планира новото комби да го понуди и во кросовер изведба, со стилски елементи на теренец, а веројатно и со клиренс зголемен за неколку сантиметри.

Исто како и купе-лимузината, верзијата Shooting Brake има неколку промени во изгледот на носот, при што промените се забележуваат најмногу во браникот. Уште на цртежите што пред кусо време ги објави Волфсбург беше видливо дека освеженото годиште на Arteon ќе има диодна светлечка лента по целата ширина на маската – слично како кај новиот Golf GTI.

https://photos.app.goo.gl/jqcWX8ehNhdtcxy8A

На фотографиите јасно се гледа и конечниот изглед на опашот на новата каросериска изведба. Вообичаено за комбинацијата купе-комби, нагласокот назад не се поставува на практичноста, туку на стилот, така што задниот капак не продолжува ниско и отворот е нешто потесен во споредба со класичните комби модели.

Се очекува Volkswagen да понуди и спортска R-верзија во гамата на Arteon. Сите детали ќе се знаат следната недела, кога е закажана премиерата.

Arteon по стапките на Panamera: Спортско комби на Volkswagen

Претходна објаваГерманските општини добија 50 мио. € од патарина, ги вложуваат во патишта
Следна објаваAudi: Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here