за

Германските општини добија 50 мио. € од патарина, ги вложуваат во патишта

mercedes actros
mercedes actros

Општините во Германија во минатата година собрале 50 милиони евра од наплата на патарина за камиони. Политичарите во земјата бараат средствата да се вложат како што е законски пропишано, во подобрување на магистралната патна мрежа.

Од неколкуте милијарди евра што биле наплатени на име на патарина за камиони по германските патишта во минатата година, на општините во земјата ќе им припаднат 50 милиони евра. Баварската престолнина Минхен имала најголема наплата и за тоа ќе добие 4,4 милиони евра. Веднаш потоа е главниот град Берлин со 4,2 милиони евра, а на третото место е пристанишниот град Хамбург со 3,5 милиони евра.

Патарината за камиони почна да се променува на сите магистрални патишта во Германија на 1-ви јули 2018 година. Оттогаш од приходот профитираат и некои општини. Вкупната наплата на патарина за камиони во Германија лани достигнала 7,5 милијарди евра.

Дел од политичарите во земјата се залагаат за средствата да се користат за законски предвидената намена, односно за подобрување на сообраќајната мрежа од магистрални патишта. Тие напоменуваат дека постојат градови во коишто локалните политичари не се запознаени со овој извор на средства за општината. Градските советници мораат да внимаваат, за овие средства да не се втопат во буџетот на градовите.

Германија ќе наплаќа повисок данок за возила што трошат многу

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA

Volkswagen Arteon Shooting Brake

Volkswagen Arteon SB го враќа шармот на комби-моделите