за

Arteon по стапките на Panamera: Спортско комби на Volkswagen

Volkswagen Arteon shooting brake по стапките на Panamera
Volkswagen Arteon по стапките на Panamera

Знаменосецот во лимузинската понуда на Volkswagen ќе добие друштво од спортско комби, односно изведба Shooting Brake. На крајот на јуни претстои моделско освежување на Arteon, со нови погонски варијанти и нови системи за асистенција.

Volkswagen го пушти Arteon во 2017 година како замена за елегантниот CC и Phaeton, искористувајќи ја можноста за уште малку да ја поткрене спецификацијата на моделот и да го постави како нов знаменосец. На овој гран-туризмо наскоро ќе му се придружи втора моделска изведба со каросерија на Shooting Brake, односно форма што најверно може да се опише како купе-комби. Со пристигањето на новата каросериска изведба доаѓа и моделско освежување за Arteon.

Клаус Бишоф, директор за дизајн на концернот и на марката Volkswagen: „Со Arteon Shooting Brake постигнавме нова рамнотежа меѓу брзина, моќ и просторност.“

Моделското свежување на Arteon ќе донесе целосно нов кокпит, кој дополнително ќе го нагласи ексклузивниот карактер на моделот. Купе-лимузината и новото купе-комби ќе ја добијат новата генерација инфо-забавни системи од модуларниот систем MIB3. Со тоа се збогатуваат и можностите за поврзување и користење онлајн-услуги. Новитети ќе следат и во погонската спрега, веројатно ќе се додаде плагин-хибридна верзија и блага хибридна верзија, со цел да се исполнат строгите барања на ЕУ за ограничување на емисијата на СО2.

Новитет меѓу системите за асистенција е Travel Аssist, кој овозможува втор степен на автономно возење. Вештачката интелигенција го заменува возачот во управувањето, забрзувањето и сопирањето, до брзини од 210 километри на час на автопат.

Светската премиера на Arteon и Arteon Shooting Brake е na 24-ти јуни.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

Peugeot 508 против VW Arteon АуБи
Фото: Ауто Билд

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светскиот ден на велосипедите е ден и за Skoda

Светскиот ден на велосипедите е ден и за Skoda: Прво беа велосипеди

Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина

Германија воведува студии за техника за автономно возење