Германија воведува студии за техника за автономно возење

Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина
Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина

Техничкиот универзитет во Инголштат од претстојниот зимски семестар воведува додипломски студии за техника за автономно возење.

Од зимскиот семестар 2020/21, на Техничкиот Универзитет во Инголштат се отвора катедра за инженеринг за автономни возила. За седумте семестри студии на англиски јазик може да се пријават кандидати од цел свет, за развој на решенија за високоавтоматизирано и автономно возење. Предавањата ќе се одвиваат на Факулеттот за електро- и информациска техника.

Во текот на студиите, идните инженерки и инженери ќе стекнуваат стручни познавања од електро и информациската техника, како и од подрачјето на софтверски инженеринг. Овие интердисциплинарни познавања се неопходни со цел да се развиваат автоматизиранни или автономни системи за мобилност. Индустријата вложува многу во ова подрачје, коешто ветува повисока ефикасност и одржливост.

Студентите за време на додипломските студии ќе стекнат стручност во подрачјата на сензориката, сензорските системи и функцијата на податоците од сензорите, во софтверски развој базиран на модел и во интелигентна алоритмика (за изработка на стратегија на возење), како и познавања за управување и регулација со актори (за безбедна реализација на стратегијата на возење). Студентите практично ќе го применуваат своето знаење во групни проекти и ќе се запознаваат со работата на меѓународни тимови. Можно е дуално студирање.

Пријави за зимскиот семестар 2020/21 се поднесуваат до 20-ти август. За повеќе информации може да се посети следната врска.

https://www.thi.de/en/electrical-engineering-and-information-technology/degree-programmes/autonomous-vehicle-engineering-beng

Претходна објаваArteon по стапките на Panamera: Спортско комби на Volkswagen
Следна објаваToyota започна со производство на новиот 1,5-литарски мотор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here