Како освојува новата Skoda Octavia во видео од 60 секунди

skoda octavia 4
skoda octavia 4

Умешност е да се каже многу во само неколку зборови. Тоа ја прави разликата, сцената денес сака работите да ѝ се соопштат кусо. Тоа го знаат во Skoda и снимија видео во траење од 60 секунди. Една минута, зошто новата Skoda Octavia повторно ќе го освои пазарот.

Четвртата генерација на Skoda Octavia повторно ќе докажува дека нејзиниот концепт на спојување на две различни автомобилски класи во еден автомобил е вистинскиот концепт. Просторноста во кабината е како во лимузина од виша класа, а каросеријата пак има компактни димензии, и најважното, подостапна е за поширок круг купувачи.

Бернхард Мајер, „фронтменот“ на Skoda, секако дека меѓу многуте свои задачи ја има и таа да каже најубаво за автомобилот од чешката марка: „Тоа е најдобрата Octavia на сите времиња, со повеќе простор, поголема практичност и побезбедна од кога било досега. Новата генерација прави огромен чекор напред“.

Уште повеќе простор

Четвртата генерација на Octavia порасна за 19 милиметри, а комбито за 22 милиметри. Багажникот што и претходно беше рекордер, сега нуди точно 600 литри простор кај стандардната изведба, односно 640 литри кај Octavia Combi.

Динамичен изглед

Ниската и издолжена силуета поседува најдобар кофициент на отпор на воздухот во класата. Спортскиот изглед е нагласен со ниско поставени светла со остра линија и со бандажи што досегаат до 19 инчи.

Квалитетен ентериер

Мека пластика, хромирани детали, амбиентално осветлување и стилски спортски волан со два краци – сето тоа е во комбинација со арматурна табла со нов дизајн, којашто посредува впечаток за просторност.

Комфор во возење

За новото и повисоко ниво на комфор се грижат ергономските седишта, со опција за вентилација и масажа, со тризонска климатизација, како и со грејачи во седиштата, воланот и во ветробранот.

Богата опрема

Стандардната опременост вклучува двозонска автоматска клима, дигитални инструменти од 10,25 инчи, електрика на сите прозорци, воздушна перница за колената на возачот и комплетно осветлување со диодна техника.

Највисока безбедност

Покрај тоа што освои пет ѕвезди на тестовите на Euro NCAP, новата Octavia е прв модел на Skoda што поседува систем за избегнување пречки, предупредување при скршнување и предупредување за возило што наидува попречно при излегување наназад, како и проекциски дисплеј. Темпомат што ја предвидува ситуацијата исто така е вклучен во системите за асистенција.

Широка понуда од моделски изведби

Купувачите ќе можат да избираат од најшироката понуда од мотори во историјата на моделот, вклучувајќи плагин-хибридни изведби Octavia iV and Octavia RS iV. Оптимирани се дизел моторите (TDI Evo) и бензинците, кои се достапни и како благ хибрид.

Врвни инфо-забавни системи

Инфо-забавниот систем може да се контролира преку гестикулација или преку дигиталната асистентка, Лаура. Во понуда се три различни системи, со дисплеј од 8,25 до 10 инчи. Ракувањето е поедноставено со воведувањето на сензорско поле.

Подобрено поврзување

Благодарение на вградениот eSIM, Octavia секогаш е поврзана на мрежа. Преку мобилна апликација може да се контролираат функциите на возилото. Во кабината може да има до пет USB-приклучоци, вклучувајќи и еден во таванот, за поврзување патна камера.

Умни решенија

Во списокот на изуми што ја подобруваат практичноста и се водат под заедничкото име Simply Clever повторно има новитети. Адблу, на пример, сега може да се полни и на пумпа за камиони, полнењето течноста за стакла е поедноставно, потпирачите назад спречуваат главата да се наведнува додека патниците спијат, а во седиштата се вградени џебови за телефон.

https://youtu.be/Fhy-krIt8sI

Претходна објаваЕлектричниот СУВ на Volkswagen го покажа конечниот изглед
Следна објаваМинхен ги стокми M5 и M5 Competition по најнова мода

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here