Минхен ги стокми M5 и M5 Competition по најнова мода

Минхен ги стокми M5 и M5 Competition по најнова мода
Минхен ги стокми M5 и M5 Competition по најнова мода

Баварците извршија моделско освежување на спортските лимузини M5 и M5 Competition. „М-петката“ сега ги користи истите амортизери како M8 Gran Coupé. Екстремната изведба M5 Competition е за уште седум милиметри повеќе спуштена од M5 и има претрпено преправки во подвозјето и во амортизацијата како за на тркачка патека. Неговата моќност изнесува 625 КС, постигната од 4,4-литарски турбо V8, додека „стандардната“ M5 располага со 600 КС.

Двата модели стандардно користат посебно изведен погон на сите тркала xDrive, кој по желба може и целата моќ на моторот да ја распредели само на задната оска. Спринтот од место до темпо сто на BMW M5 трае 3,4 секунди, а двесте километри на час паѓаат по единаесет секунди. M5 Competition е подобар за 0,1 односно 0,3 секунда.

Моделите од новото годиште се препознаваат по новиот дизајн на предниот браник, со зголемени странични отвори за воздух. Отворот за воздух во средината сега има шестаголна форма и зад него се крие ладилник за масло, како и радарски сензор за активниот темпомат. Новите диодни светла се дополниети со светлосни туби во форма на L. Тие може да се добијат и во затемнеа изведба Shadow-Line од специјалната програма. Заедните диодни светла ставаат повеќе нагласок на длабочината и исто така имаат L-форма.

https://photos.app.goo.gl/JYY438Ypxn5UantDA

Внатре се вградува поголем дисплеј, сега со пречник од 12,3 инчи, преку кого може да се ракува со системите за возна динамика и со погонската спрега. Во BMW M5 е преземен и новиот концепт на ракување од M8, кој се сведува на две копчиња во средишната конзола. Со копчето „M-Mode“ возачот може да бира меѓу возните програми „Road“ и „Sport“. Преку копчето за сеташп се пристапува во менито за нагодување на подвозјето и погонот. Во M5 Competition дополнително има ексклузивен режим за тркачка патека.

https://photos.app.goo.gl/o9zizBdZATpNekiV9

BMW M им оддава чест на легендарните тркачки патеки со имињата на боите. Пример за тоа се брендс-хеч сива и мотеги црвена, покрај коишто има и три нови специјални бои по нарачка. Од списокот на опции може да се изберат бандажи со двојни краци и 20 инчи од M8. Сериските композитни сопирачки може да бидат лакирани во сјајна црна или сина боја, место во обична сина боја.

Цената за M5 во Германија стартува од 120.900 евра, додека за M5 Competition треба да се одвојат 129.900 евра или точно 9.000 евра екстра.

Во новата серија 5 на BMW хибридите се главни

Во новата серија 5 на BMW хибридите се главни
Во новата серија 5 на BMW хибридите се главни

Претходна објаваКако освојува новата Skoda Octavia во видео од 60 секунди
Следна објаваMcLaren 720S Coupe се присетува на триумфот во Леман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here