за

Електричниот СУВ на Volkswagen го покажа конечниот изглед

volkswagen id4
volkswagen id4

Вториот модел од семејството електромобили на Volkswagen, компактниот СУВ-модел ID.4, доживеа непланирана премиера откако беа откриени фотографиите од моделот во документите за хомологација.

На фотографиите во документацијата е прикажана сериската изведба на ID.4. Во неа понатаму се наведува дека електромотор со моќност од 150 kW (204 КС) ќе ги задвижува задните тркала, како и дека досегот ќе изнесува околу 500 километри. Станува збор за документација што е поднесена до Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина. Секој производител што подготвува нов модел за продажба на кинескиот пазар, мора во документацијата да приложи и комплетни фотографии од истиот.

Стилот е ист со комбилимузината ID.3, со соодветни дизајнерски цитати што се својствени за СУВ-моделите. Должината изнесува 4.593 mm, ширината е 1.853 mm, додека висината е 1.628 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.765 mm.

Volkswagen ID.4 од следната година ќе се продава во Европа, Кина и САД. Според првичните планови, моделот требаше да доживее премиера на салонот во Њујорк, но откако и тој настан е откажан поради корона-кризата, се очекува премиерата да се случи во следните неколку месеци.

https://www.instagram.com/p/CBiIieKJj12/

По пазарниот старт на изведбата со еден електромотор назад, Volkswagen ќе понуди и посилна изведба, со втор електромотор и со погон на сите тркала. Во тој случај, на предната оска ќе работи електромотор со моќност од 102 КС,. што значи дека заедничката моќност на двата електромотори ќе изнесува 306 КС.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу неколку големини на батерија, со тоа што најголемата се претпоставува дека ќе располага со капацитет од 83 kWh, што би значело досег од 500 километри според реалната норма WLTP.

СУВ-моделот со димензии слични со Volkswagen Tiguan, ќе може да користи и брзи полначи, на кои 80% наполнетост се постигнува за половина час.

Volkswagen ID.4 ќе се произведува во фабрики во Германија, Кина и САД, односно германскиот концерн ќе го нуди моделот глобално.

Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години

volkswagen id crozz id4x
volkswagen id crozz id4x

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

шпанците дизел автомобили

Шпанија одвои 3,75 милијарди евра за помош на автоиндустријата

skoda octavia 4

Како освојува новата Skoda Octavia во видео од 60 секунди