Шпанија одвои 3,75 милијарди евра за помош на автоиндустријата

шпанците дизел автомобили

Шпанската влада најави пакет за помош вреден милијарди евра за автомобилската индустрија што е силно погодена во корона-кризата.

Шпанските власти најавија пакет за помош во висина од 3,75 милијарди евра за автомобилската индустрија во земјата што силно е погодена од последиците на корона-кризата. Најголемиот дел од помошта ќе биде наменет за субвенционирање на продажбата на електрични автомобили, најави премиерот Педро Санчез. Повеќе детали за мерките ќе бидат објавени во следниот понеделник.

Автоиндустријата е меѓу најважните стопански гранки во Шпанија. Таа учествува со околу десет проценти во бруто домашниот производ и обезбедува околу два милиони работни места.

Санчез ја оцени како критична ситуацијата во којашто се наоѓа автомобилската бранша, поради прекинатото производство во март и април, како и поради намалената продажба. Санчез нагласи дека целта на државната помош е на автомобилската бранша да ѝ се олесни преоѓањето во „одржлива мобилност“.

Претходна објаваОваа дама вози Mercedes Arocs во каменолом
Следна објаваЕлектричниот СУВ на Volkswagen го покажа конечниот изглед