Илон Маск ги побива гласините за Tesla Model 3 со досег над 400 милји

tesla model 3 performance na pateka

На социјалните мрежи денес се појавија објави во коишто се наведува дека Tesla вградила батерија од 100 kWh во неколку примероци од Model 3. Во тој случај, електричната лимузина би имала досег од преку 400 милји, односно 640 километри.

Низа од неколку поврзани објави доведоа до тоа, на сцената за електричниот пионер Tesla денес да прострујат гласини, дека калифорнискиот производител подготвува верзија од Model 3 со батерија од 100 kWh. Новата верзија би требало да се појави заедно со претстојното моделско освежување на Model S и Model X. Крајот на неизвесноста дојде од човекот што е најмногу упатен во тоа, од Илон Маск.

Тој во својата објава на твитер додаде дека Tesla нема планови да воведе верзија на Model 3 во којашто ќе се вградуваат поголеми батерии од сегашните.

Тоа би требало да стави крај на шпекулациите? Производителите на автомобили постојано комбинираат техника од разни модели, понови и постари, подостапни или поевтини, заради тестирање.

Таков пример имаше пред неколку години, кога на Porsche му беше потребно брзо возило што ќе ги следи фабричките болиди на релито Париз Дакар. Тие вградија мотор од 911 Turbo во Volkswagen Transporter. Ова „тркачко“ комбе уште се наоѓа во фабричкиот двор на Porsche и повеќепати досега било предмет на најразлични репортажи.

Илон Маск не демантира дека по патиштата во САД возат неколку примероци од Model 3 со батерија од 100 kWh. Но, тоа не значи дека оваа верзија на електричната лимузина навистина ќе се појави во продажба. Техниката може да се користи за најразлични цели и не мора да значи дека таа ќе се вградува токму во Model 3 или Model Y или кој било друг автомобил од Фремонт.

Претходна објаваLexus IS од планетата на такуми-мајсторите, нова генерација
Следна објаваОваа дама вози Mercedes Arocs во каменолом

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here