Lexus IS важи исто толку како пресвртница за марката, како LS, RX или електричниот UX. Тој пред повеќе од 20 години ја имаше главната задача да го „расипе“ беспрекорниот имиџ на LS како фина и господска лимузина и да внесе диви гени во марката. Кога ќе се побара тоа, IS пак е Lexus. Ова е големо моделско освежување на лимузината.
Кога Lexus го претстави првиот IS во последните години од минатиот милениум, тоa беше сосем нов „вид“ Lexus. Марката што тогаш почнуваше да го шири своето пазарно присуство и да се „ослободува“ од сериозниот имиџ на финиот и неуништлив LS, го пушти новиот IS со 2,0-литарски шестцилиндарец во линија во 155 КС, со погон назад, со подвозје изработено како филигран, и најважното, со спортска душа. Кој сега ќе фрли поглед кон првиот IS, ќе забележи и дека каросериските превиси напред и назад практично се сведени на мининум, а исто така впечатлив детал од тогашниот дизајн е хаубата што минува одвај една педа над тркалата. Сето тоа поради законите на динамиката. Премиум-марката на Toyota досега продаде близу 1,1 милион примероци од IS.
Новиот IS пак носи голема вест. Лимузината во класата на серијата 3 на BMW, Audi A4 и Mercedes C-Class, излезена е од Шимојама, новоизградената тест патека што Toyota ја пушти во работа во април лани. Техничарите на Lexus, фамозните такуми-мајстори, таму работеа да добијат карактеристично однесување на IS во сите ситуации во возењето, односно да обезбедат фин преод од сопирање пред свијок, во самоуверено следење на линијата на свијокот, па понатаму во силно забрзување од свијокот. Овој карактер на новата лимузина се нарекува „Lexus Driving Signature“ и тој во иднина ќе се применува и за следните модели на премиум марката.
Сакавме IS да биде автомобил што ќе помогне луѓето да доаѓаат до нови откритија, на пример до откритието дека колку подолго го возат IS, толку повеќе ќе можат да го почувствуваат задоволството во возењето.
Накои Кобајаши, главен инженер на Lexus
Во новата генерација на Lexus IS се работело на истото што и досега, но со нови созданија и со нова технологија. Спортската лимузина е комфорна, а во исто време и динамична, исто како што е безбедна, емотивна, пречистена од вибрации и звуци, јапонска.
https://photos.app.goo.gl/owfpBqJLn5rLd5acA
Инженерите на марката се посебно горди на погодената повратна сила во управувањето, односно тоа е силата со којашто тркалата сами се исправуваат на излез од свијок и којашто вистинските уживатели и познавачи на спортското возење умеат да ја препознаат кога е погодена и да се потпрат на неа при динамично возење. Целите да се постигне динамична лимузина се следеле и при развојот на моделската изведба со хибриден погон.
Дволитарската турбо-изведба доаѓа стандардно со адаптивен автоматски менувач, кој во својата логика зема предвид повеќе параметри, со цел менувачот сам да го погоди точниот степен на пренос во дадена ситуација во возењето.
https://photos.app.goo.gl/gxZ8217gzq2EHewu5
Каросеријата е зајакната и зголемена е должината на варовите. Преработени се и задните столбови, при што се потиснати сите звуци и вибрации што можат да настанат таму, но во исто време со зајакнатата структура во ова подрачје се овозможува и геометријата на тркалата да работи попрецизно, што понатаму води и до полинеарна реакција во управувањето. Во Lexus IS се вградува и нова генерација амортизери, со вентили со ултраниска брзина, кои овозможуваат амортизерите да реагираат и на најмали нерамнини.
Димензии на каросеријата на новиот Lexus IS
- Должина (mm) 4,710 (+30)
- Ширина (mm) 1,840 (+30)
- Висина (mm) 1,435 (+5)
- Меѓуоскино растојание (mm) 2,800
- Бандажи 19 инчи
Во надворешниот стил јасно се препознава печатот на Lexus, почнувајќи од маската, којашто има сосем различна структура во спортската верзија F, до задните светла со светлечка шема во форма на L. Ексклузивно за F Sport е достапна црвена боја за каросеријата.
https://photos.app.goo.gl/NxeCmq4dcwLQU1MJ9
Мултимедискиот систем користи нов дисплеј од 10,3 инчи и компатибилен е со Apple CarPlay и Android Auto. Хроматски бои може да се изберат за горната половина од арматурната табла, а исто така е достапен двобоен ентериер.
Новиот IS ќе се дистрибуира на пазарите во Северна Америка, Јапонија и Средниот Исток, како и во некои земји во Јужна Америка, Океанија и Азија. Европа моментно се интересира повеќе за СУВ-моделите NX и RX, а најмногу за UX, кој наскоро стартува со продажба во електричната верзија UX 300e. За љубителите на лимузини, тука се нуди ES (покрај LS, секако), а тоа е многу добра понуда.
Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други
https://photos.app.goo.gl/BBMS5Tou6wNDSCfKA
По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

















