Еден Американец доживеа големо изненадување кога откри дека во возилото што претходно го купи на наддавање се криела мошне „вредна“ содржина: 34 килограми кокаин.
Како да купиш автомобил и да заработиш во исто време? Така би можело да гласи насловот на оваа необична вест од САД. Во автомобилот што претходно го купил на наддавање, еден Американец открил сосем неочекувана содржина, откако пристигнач дома. Тој открил дека вредноста на зделката била неколкупати повисока од сумата што ја платил. Додека го проверувал возилото, Тексашанецот утврдил дека во автомобилот се сокриени вреќички со кокаин.
Автомобилот бил купен во Ларедо, на наддавање во американската сојузна држава Тексас. Откако го открил кокаинот, тој го направил единственото што е правилно и ја известил полицијата. Службениците пронашле и други ќеси со недозволеното средство. Вкупно биле откриени 17 пакети, сите заедно тешки 34 килограми. Вредноста на дрогата изнесува околу 850.000 долари, односно три четвртини милион евра.
Полицијата натаму не соопштува информации, како дрогата се нашла во возилото, како и за марката и моделот на автомобилот што бил купен на наддавањето. Исто е непознато и колку човекот платил за возилото. Се претпоставува дека наддавањето било за возила запленети од страна на полицијата. Не е познато и дали човекот бил награден за своето добро дело.
















