Велосипедите на струја се добри за … лов!

Addmotor Велосипедите на струја се добри за лов
Addmotor Велосипедите на струја се добри за лов

Електричните велосипеди покажуваат една страна што досега беше непозната на сцената. Еден американски производител си создава нов пазар за својот бизнис, нудејќи електричен велосипед што е приспособен за користење при лов. Со безшумен погон и цврста конструкција, тој како буквално да е измислен за оваа намена.

Исто како и останатите од неговиот вид, овој велосипед има електромотор што го олеснува вртењето на педалите и дозволува совладување подолги релации дури и за корисници што немаат врвна кондиција. Но, Addmotor Wildtan поседува уште цела низа својства што го прават посебен.

Уште по изгледот се препознава намената на велосипедот. Рамката е бојадисана во камуфлажна шара, а тоа е најважно при лов, затоа што пленот не треба да биде пред ловецот и да го открие нетовото присуство. Уште еден важен детал се балон-гумите, чијшто профил и димензии овозможуваат возење по најразличен терен. Секако, тивкиот електричен погон е пресуден, за Addmotor да биде добар за лов.

Рамката е изработена од алуминумска легура 6061 ARC, а во неа е вградена батерија од 17.5Ah од Panasonic (се полни преку USB). Според производителот, тоа е доволно за електромоторот да го асистира возењето дури стотина километри. Електромоторот со 1.000W е производ на Bafang и различно од вообичаениот пристап, вграден е над средишната оска . Предноста е во тоа што се постигнува подобар баланс, особено при искачување.

Теренското возење не е проблем, со 120 милиметри работен óд на предната вилушка. Со 9-степен менувачки механизам од Shimano, може да се постигнат брзини до околу 30 km/h. Брзината, извозениот пат и нивото на батеријата се прикажуваат на LCD-дисплеј. Моќните светла се дел од стандардната опрема.

Цената? Над пет илјади долари, освен ако велосипедот не се нарача сега, за што американскиот производител ветува 50% попуст. Идејата е одлична во секој случај.

https://www.instagram.com/p/CBLgGCogZ_K/

https://www.instagram.com/p/B-g1Qk0Acbd/

Претходна објаваКако Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?
Следна објаваКај овие теренци е неважно моделот да биде од најновите: Toyota Land Cruiser

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here