Porsche пред 50 години победи првпат на Леман

Porsche пред 50 години победи првпат на Леман
Porsche пред 50 години победи првпат на Леман

Porsche има богата историја на Леман, со 19 победи во вкупен пласман, безброј победи во класа, и секако, со незаборавни моменти за учесниците и за публиката. На 14-ти јуни 1970, Porsche победи првпат на Леман, со 917 KH со своите 580 КС. Во претстојниот викенд, во музејот на спортската марка во Штутгарт ќе биде изложено оригиналното возило.

Откако Porsche првпат се појави на Леман во 1951 година и 356 SL победи во својата класа, оваа маратонска трка стана неизоставен дел од спортската марка. До првиот голем триумф минаа уште многу години. До крајот на 1960-те години, Porsche не се вројуваше меѓу фаворитите и победуваше првенствено во класите со помали мотори. Потоа се смени стратегијата.

Во 1969 година, на Porsche му недостигаа само 75 метри да победи. Една секунда. Тоа е најтесната разлика во историјата на победниците на францускиот маратон. Големиот момент следеше во 1970 година. Вистински триумф. Покрај победата на Ханс Херман и Ричард Етвуд по 4.607,811 километри, односно 343 кругови, на второто место се пласираа Жерар Ларус и Вили Каузен во Martini Porsche 917 LH, додека третото место во вкупен пласман им припадна на Руди Линс и Хелмут Марко, со Porsche 908/02.

Работите оттогаш се сменија од корен. Во следната година, 33 од 49 возачи стартуваа со автомобил на Porsche. Рекордот уште важи. Секако дека и во 1971 година победи автомобил од марката од Цуфенхаузен. Турбо-ерата во Леман започна во 1974 година, со 911 Carrera RSR Turbo 2. Две години подоцна следеше првата победа со мотор со турбонатполнење во историјата на трката. Тоа му успеа на 936 Spyder.

Porsche беше непобедлив на Леман меѓу 1981 и 1987 година. Тоа е најдолгата победничка серија во историјата на 24-часовната трка

Со 108 победи во класа и 19 победи во вкупен пласман, Porsche е најуспешен производител во близу 100-годишната историја на Леман. Во меѓувреме, класичарот меѓу автомобилските трки годинава ќе доживее ново поглавје. Поради ситуацијата, трката годинава ќе се вози единствено виртуелно, со почеток на 13-ти јуни. Посебно за таа цел, Porsche состави тим што со четири болиди 911 RSR од 2017 година ќе вози 24 часа до победа.

https://www.instagram.com/p/CA-YSaBDoT-/

https://www.instagram.com/p/CAiUGJ5A-23/

Porsche на еден час „рента“ станува барана услуга

 

Претходна објаваMercedes-AMG стартува со нарачки за GLA со 421 КС
Следна објаваToyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here