Пристигањето на GLA како осми член го заокружи семејството модели на база на Mercedes A-Class. Сега соодветно се заокружува и понудата од моделски верзии од самиот GLA, со верзијата од AMG со 421 КС.
Сите фанфари во Mercedes моментно свират за GLA, осмиот и последен член во понудата од модели врз основа на A-Class. Новата генерација на моделот со оваа ознака носи значајни промени. Тој ги има сите атрибути на СУВ-модел, за разлика од претходникот, кој следеше концепт на кросовер. Втората генерација на GLA е повисока за повеќе од десет сантиметри, се седи повисоко, а воедно и теренските својства се примерни, затоа што во основата ја има истата погонска техника 4Matic како GLB.
GLA е посебно значаен поради тоа што е дел од семејството модели од компакт класата, којашто во последно време му носи најголем раст во продажбата на Mercedes, додека од друга страна е СУВ, што исто така значи дека моделот спаѓа во сегментот што бележи најголем раст во вкупниот пазар.
Како круна на моделската серија се позиционирани три моделски изведби: GLA 35 AMG, GLA 45 AMG и GLA 45 S AMG. За ова чудо од мотор имаме објавено повеќепати досега, но кусо, тој е најсилен четирицилиндарец со турбонатполнење што е вграден во сериски автомобил во историјата. Во „поблагиот“ степен, во GLA 35, тој постигнува 306 КС, во GLA 45 моќноста достигнува 387 КС, додека врвот следи во верзијата со дополнителна ознака S, со 421 КС.
Погонот кај сите моделски изведби е на сите тркала, со тоа што кај „45“ работи посебно дотерана верзија 4Matic+. Преносот на сила се врши преку 8-степен менувач со двојна спојка. Вообичаено за AMG и за Mercedes, трите модели се развиени за најширок дијапазон на примена, од тркачки верно доживување на патека, до комотно крстосување по автопат.
Мак Аутостар веќе ги објави цените за овие супер-изведби на GLA:
Mercedes GLA 35 AMG 4Matic 59.990 евра
Mercedes GLA 45 AMG 4Matic+ 69.990 евра
Mercedes GLA 45 S AMG 4Matic+ 76.990 евра
https://photos.app.goo.gl/WM2F8UVbK3RN657KA
https://photos.app.goo.gl/hEjGMCwrAy6Y12DEA
















