Toyota започна со производство на новиот 1,5-литарски мотор

Toyota започна со производство на новиот 1,5-литарски мотор
Toyota започна со производство на новиот 1,5-литарски мотор

Во фабриката на Toyota во Јелч-Лашковице, во Полска, започна производството на 1,5-литарскиот мотор од најновата генерација погонски единици на Toyota. Моторот е дел од познатата TNGA-архитектура, како конструкторско начело што се применува за сите нови моделски генерации на Toyota и на Lexus. Моторот е со три цилиндри и се води како „Dynamic Force Engine“.

Во основа станува збор за иста конструкција со поголемиот мотор со зафатнина од 2,0 литри, кој меѓу другото е познат од Corolla 2.0 Hybrid и Lexus UX250h, како и од C-HR 2.0 Hybrid. Во актуелното производство се применува т.н. модуларен принцип, односно исти компоненти се користат за колку е можно повеќе варијанти на мотори – заради заштеда во производствените трошоци и воедно за исплатливост на компонентите. Тоа значи дека клиповите, клипниците, лежиштата, многубројните калапи при изрботката, како и вентили, вентилски механизми, разните помошни агрегати и други делови од 2,0-литарецот се користат во новиот 1,5-литарец, со таа разлика што моторот има еден цилиндар помалку. Дволитарецот од генерацијата TNGA исто така се произведува во Полска од септември лани.

Новиот 1,5-литарски мотор ќе се вградува во новата генерација на Yaris, кој наскоро почнува со сериско производство во Валенсиен/Франција, а потоа и во кросоверот Yaris Cross. TNGA-архитектурата се однесува и на автоматизацијата на производството, зголемување на ефикасноста и продуктивноста, како и подобрување на ергономијата.

https://photos.app.goo.gl/nwJUKRhBhFmYbeL37

Моторот користи варијабилна работа на брегастите вратила и работи според т.н. еткинсонов циклус, со којшто се постигнува 40% термичка ефикасност, што е врв во браншата. Потрошувачката и емисијата на СО2 се намалени за 20% во споредба со генерацијата на Yaris што сега е во заминување. Моторот може да се вградува самостојно или во хибридна погонска спрега. Повеќе од половина од сите продадени возила на Toyota во Европа во 2019 година беа хибриди. Од тоа гледиште е извесно дека уделот на хибридот ќе продолжи да расте.

Toyota масивно вложува во фабриките во Полска, како центар за напредна хибридна технологија. Во втората фабрика на марката во земјата, во Валбрзич, в година стартува производство на новиот менувач e-CVT. Во двете фабрики во Полска досега се вложени повеќе од 1 милијарда евра и отворени се 3.000 работни места.

Како се држат хибридите на Toyota во сиот електро-бум?

Како се држат хибридите на Toyota во сиот електро-бум?
Како се држат хибридите на Toyota во сиот електро-бум?

Претходна објаваГерманија воведува студии за техника за автономно возење
Следна објаваKumho избран за добавувач на еко-гуми за Seat Ibiza

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here