Тоа што целата автомобилска сцена го живее денес, почна пред повеќе од 20 години, откако Toyota стартуваше со редовна продажба на првиот големосериски автомобил со хибриден погон, Prius. Тоа беше буквално кршење на мразот. Дотогашните обиди на неколку производители, особено General Motors со неговиот електричен GM1, повеќе беа со цел за јавноста да се обесхрабри (и да се заштитат разни политичко-капитални интереси) и да ѝ се соопшти дека уште не е дојдено времето, за преоѓање од горење нафта, на возење на струја. Сите следни скалила на електромобилноста, почнувајќи од плагин-хибридниот, или поверно кажано приклучниот хибриден погон, кој и самиот е изум на Toyota, преку електричниот погон и моментно ултимативниот погон, водородниот, почнаа од јапонската марка и од нејзиниот хибриден Prius.
Како денес стојат работите? Денес е уживање да се вози хибрид. Тоа можеби звучи како невешто сервирана реклама, но е вистина дека напредокот доведе до тоа, моторот и електромоторот, заедно со батеријата и трансформаторската секција, плус сета контролна електроника, да функционираат повеќе хармоничко од кога било досега. Тоа не го пишуваме случајно или со сила, туку од искуство, по неколку десетини илјади извозени тест-километри и најмалку десетина хибридни модели од Toyota и Lexus во редакцијата на Аутомедиа – плус уште толку хибридни возила и тест-километри во повеќе од 25 годишното искуство на нашиот тим.
За електричниот погон се зборува многу, и има зошто. Tesla во март била најпродаван автомобил со „алтернативен“ погон во Европа, значи пред хибридите, пред плагин-хибридите, благите хибриди, пред сите. Но, Tesla е „осамена“ на листата и високата позиција се должи во голем дел на тоа што купувачите чекаа долго додека им биде испорачан примерок од Model 3. Веднаш потоа следи триото класични и добри хибриди на Toyota. Предводник е хит-моделот Corolla, со кого јапонската марка се искачи високо на европскиот пазар, како со ниту една генерација на моделот досега, потоа се C-HR и Yaris. Станува збор само за хибридните верзии, не вклучувајќи ги моделите со класичен погон.
Сите скалила на електрифициран погон на едно место, во една табела, да се види како точно стојат одредените видови на „алтернативен“ погон
Направивме една ранг-листа, во којашто заеднички се наведени сите три (четири, вклучувајќи ги благите хибриди) различни степени на електрификација. Народски, тоа е мешање баби и жаби, но дава еден сосем јасен преглед, што точно се случува меѓу одделните видови погон на европскиот пазар.
Продажба на автомобили со „алтернативен“ погон во март 2020 во ЕУ
>>>> >>> (Во табелата се наведени само Топ 10 модели од секој одделен вид на алтернативен погон, затоа недостигаат останатите модели со хибриден погон на Toyota и Lexus)

Кусо, хибридите и натаму доминираат. На моделите Toyota на им се приклучуваат и Корејците, со Kia Niro и Hyundai Kona, кои инаку се нудат во три верзии: Хибрид, плагин хибрид, електро. Несвојствено високата позиција на Range Rover Evoque е резулат на вештачкото регистрирање на верзијата од овој модел со благ-хибриден од страна на самиот производител, со цел да се „измами“ ЕУ, која на крајот на годината ќе постави црта и строго ќе казнува за надминување на емисијата на СО2 – за секој грам над лимитот од начелно 95 g/km и по возило. Кусо, тоа се „вештачки“ бројки.
Благиот-хибриден погон им се допаѓа на купувачите, доказ се Suzuki Swift и Ignis, а по ново и Ford Puma
Радува високата позиција на верзиите на Suzuki Swift и Ignis, кои се автомобили со благ хибриден погон. Но, очигледно е дека на возачките и возачите им се допаѓа оваа погонска варијанта, којашто нуди примерна заштеда и комфор во град, а чини незначително повеќе од модел со класичен алтернатор и стартер. Тоа е воедно и „финтата“ на благиот хибрид, овие класични помошни агрегати се заменети со стартер-генератор. Во меѓувреме има новини со овие два модели и од нашиот пазар, во Миркат се пристигнати новите верзии со благ хибриден погон од Vitara и S-Cross, вклучувајќи и комплетно нов Ignis – исто така со овој погон.
Puma профитира од тоа што е достапна во верзија mHEV, значи како благ хибрид, со 155 КС. Плагин хибридите сепак ја губат трката. Можно е дека купувачите во Европа се воздржуваат од купување ваков модел, поради тоа што моментно почнува да се вградува нова генерација батерии, кои нудат поголем досег. BMW, на пример, ветува околу 80 реални километри. Mercedes исто така се држи одлично со C 300e и 300de.
Една од причините зошто плагин-хибридите се помалку омилени е тоа што не се издвојуваат во уличната слика. Тоа е толку јасно, возачите сакаат средината да знае дека тие возат електричен автомобил или барем автомобил што има имиџ на заштитник на животната средина, на пример, хибридна Toyota. Би било лага дека електричниот погон не се избира и поради тоа што возачките и возачите едноставно сакаат да бидат „видени“. За прашањето, како се држи Toyota? Па, одлично!

















