Роботски автомобил доставува лекови во Хјустон

Nuro Роботски автомобил доставува лекови во Хјустон
Nuro Роботски автомобил доставува лекови во Хјустон

Стартап-компанијата Nuro врши достава на лекови во рамките на пробен проект во американскиот град Хјустон. Во почетокот се користат модифицирани возила врз основа на Toyota Prius, кои подоцна ќе бидат заменети со сопствените роботски автомобили.

Фирмата за роботски возила Nuro започна пилот проект во американскиот град Хјустон. Стартап-компанијата соработува со синџирот аптеки и дрогерии CVS. Производите и лековите се доставуваат бесплатно, најдоцна за три часови по онлајн-купувањето.

Во првиот период, Nuro ќе користи модифицирани возила Toyota Prius, со план во следните месеци да почне со користење на возилата од сопствен развој. Доставните возила Nuro немаат возачка кабина и целиот простор го користат за сместување на предметите за достава.

Nuro е една од бројните стартап-компании што се специјализирани за автопилотирани возила. Корона-кризата им го скуси буџетот за истражување и развој на фирмите од ова подрачје. Во исто време, пандемијата ги покажа предностите на автоматизираната и безконтактна испорака.

>>> Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Претходна објаваBentley за дневна соба и за спална
Следна објаваКои модели се продаваа најмногу во Германија во април?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here