за

Кои модели се продаваа најмногу во Германија во април?

volkswagen golf 8 производство најпродавани Германија
volkswagen golf 8 производство најпродавани Германија

На најголемиот пазар во Европа, во април биле регистрирани 120.840 нови автомобили. Продажбата во месецот на целосно мирување поради корона-пандемијата забележа пад од 61,1% во споредба со истиот месец лани. Повеќе од половината од новите возила (58,0%) се регистрирани како службени.

Германските марки и марките што им припаѓаат на германските концерни во април имаа двоцифрени падови во продажбата, најмал кај Mini со -39,2%, најголем кај Smart со 94,1 проценти. Најмногу удел во продажбата на автомобили во земјата има Volkswagen, со 17,2 проценти.

Единствена увозна марка со зголемување на продажбата во април била Tesla со 10,4 проценти плус. Меѓу марките со најголем удел во продажбата кои не се германски, предводи Skoda со удел од 6,0 проценти, пред Seat (4,0 %) и Renault (3,9 %).

По една петина од вкупниот број на новорегистрирани возила им припаѓа на СУВ-моделите (удел од 20,3%) и на моделите од компакт класата (20,1 %). По сегменти, продажбата во април имала најголем пад кај минивановите, со -84,3 проценти. Статистиката во Германија ги опфаќа и возилата за кампување, чијашто продажба во минатиот месец се намалила за 55,2 проценти. И натаму изненадува високиот удел на овие возила, со 3,5 проценти.

Точно половина од автомобилите се бензинци, една третина се дизели, останатите се хибриди и електрични

Половината од автомобилите (49,9%, вкупно 60.295 возила) имаат бензински мотор. Дизелот продолжува ос негативниот тренд и постигнува удел од 32,1 проценти во вкупната продажба, со вкупно 38.836 нови автомобили во април. Висок удел кај останатите погонски видови ужуваат хибридните автомобили, со вкупно 16.573 возила и удел од 13,7 проценти. Од нив, 5.618 возила имаат плагин-хибриден погон (удел 4,6%). Не заостануваат многу електричните автомобили со вкупно 4.635 новорегистрирани возила и удел од 3,8 проценти. Со погон на метан се продале само 286 возила (удел 0,2%), додека автогас користат 191 или 0,2% од новорегистрираните возила во април.

Просечната емисија на СО2 се намалила за 4,9 проценти и изнесува 150,9 g/km.

Промена на сопственоста имало кај 434.684 регистрирани возила во земјата.

Во продолжение е листата на најпродавани модели во Германија во април. Високото место на Fiat Ducato се должи на тоа што фабриките за возила за кампување го користат истото како основа. Невообичаено високата позиција на одредени модели е своевидна „подготовка“ на производителите на автомобили, кои сами ги регистрираат плагин-хибиридите со ниска емисија на СО2, за на тој начин да ја доведат емисијата на стакленичкиот гас под лимитот на ЕУ и да можат да продаваат повеќе возила со обичен мотор, со повисок СО2.

Топ 50 Најпродавани модели во Германија

(во април 2020)

Марка и модел
Април ’20
Тренд %
Вкупно ’20
VW GOLF 5681 -69,3 41,559
FORD FOCUS 2995 -42,5 18,317
VW TIGUAN 2757 -62,3 19,377
FIAT DUCATO (база за камп-возила) 2429 -58,6 10,440
BMW X3 2293 -8,6 7,739
MINI MINI 2248 -39,2 11,852
BMW серија 3 2123 -37,6 15,278
VW T-ROC 2109 -53,5 12,694
SKODA OCTAVIA 1987 -61,8 12,720
VW PASSAT 1962 -64,5 18,206
FORD FIESTA 1906 -53,0 10,926
VW POLO 1714 -65,9 13,733
OPEL CORSA 1564 -58,7 12,235
AUDI A4, S4, RS4 1525 -67,9 13,310
AUDI A3, S3, RS3 1510 -62,8 8,824
VW CADDY 1469 -50,5 9,848
AUDI A6, S6, RS6 1381 -54,9 9,277
MERCEDES C-KLASSE 1371 -75,8 11,702
SEAT LEON 1369 -53,0 10,348
BMW серија 1 1306 -53,6 8,924
KIA CEED 1282 -25,2 7,389
SKODA KAROQ 1222 -48,4 6,89
BMW X1 1169 -67,0 7,478
VW TOURAN 1167 -67,0 7,786
BMW серија 5 1158 -60,9 8,539
VW TRANSPORTER 1154 -72,7 8,125
MITSUBISHI MIRAGE, SPACE STAR 1144 -51,0 6,249
OPEL ASTRA 1122 -60,0 9,992
RENAULT CAPTUR 1118 -50,9 5,509
DACIA SANDERO 1112 -51,9 4,776
AUDI Q3 1109 -56,3 8,387
RENAULT CLIO 1077 -58,5 8,024
VW T-CROSS 1067 +91,2 8,149
SKODA SUPERB 1062 -56,0 5,295
SKODA KODIAQ 1051 -30,9 6,874
SEAT ATECA 1047 -51,6 7,756
MERCEDES GLK, GLC 1041 -65,2 10,404
BMW серија 2 1034 -68,2 6,432
MERCEDES A-KLASSE 1032 -73,9 10,501
BMW X5 1008 -15,0 3,819
TOYOTA COROLLA 943 -21,5 4,852
FORD TRANSIT, TOURNEO 904 -55,6 5,353
DACIA DUSTER 876 -65,5 3,283
SEAT ARONA 874 -55,1 6,348
TOYOTA YARIS 852 -58,7 4,663
VOLVO XC60 827 -34,3 4,661
VW UP 819 -69,3 6,359
FORD ECOSPORT 816 -65,1 4,897
FIAT 500 773 -67,1 7,596
SKODA KAMIQ 773 X 5,802

На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nuro Роботски автомобил доставува лекови во Хјустон

Роботски автомобил доставува лекови во Хјустон

Kia Rio vozenje

Стара против нова школа: Rio и Polo против 208 и Corsa