Mercedes S-Class пристига годинава, први детали за изгледот

Mercedes S-Class 2020
Mercedes S-Class 2020

На оригинален начин, преку еден вид на разговор во студио на посебен онлајн-канал, Mercedes пред нешто повеќе од еден час пред медиумите откри детали за премиерата на новата S-Class. Таа ќе се случи во втората половина од годинава, а производството ќе стартува во септември, во новата фабрика во Зинделфинген.

Шефот на Daimler, Ола Келениус, во иновативно организирано обраќање до медиумите го најави скорешното пристигање на новата генерација на Mercedes S-Class. Настанот за којшто веќе долго се шпекулира ќе се случи во третиот квартал од годинава, при што точниот датум уште не се објавува.

Според првичните најави на Келениус, „новата S-Class ќе постигне комплетно ново ниво, меѓу другото во подрачјето на вештачката интелигенција и асистенцијата од електричен погон“.

Знаменосецот и модел со богата традиција, во новата генерација ќе се произведува во „Factory 56“, како што е името на новата фабрика во седиштето на марката во Зинделфинген, во близина на Штутгарт.

Дополнето: 16.21 ч

Daimler ги објави првите детали за продолжувањето со активностите на ниво на концернот. Повеќето од овластените центри за Mercedes ширум светот се вратија во работа, а од 20-ти април повторно произведуваат фабриките за мотори и автомобили. Сите фабрики ќе бидат активни од јуни.

Кина веќе функционира според „новото нормално“. Продажбата на автомобилите на Mercedes од крајот на март се врати во вообичаените рамки. Во април повторно имаше раст во продажбата на кинескиот пазар, во споредба со истиот месец лани. Трендот продолжува во мај. Кина е најголем пазар за Mercedes и еден од клучните фактори за успехот на марката и на концернот.

Тимот во формула 1, Mercedes-AMG Petronas, во минатите недели произведе 10.000 респиратори и ги достави до болничките капацитети во Обединетото Кралство. Ширум светот се произведуваше заштитна опрема. Повеќе од 300.000 маски се поделија бесплатно, заедно со визири произведени на 3D-печатари. Mercedes-Benz Citaro беше претворен во амбулантен автобус, додека поогонот за седишта во Ној-Улм дневно шиеше по околу 2.000 маски за повеќекратна примена за сопствениот персонал на Daimler.

Дополнето: 16.58 ч

Од 2022 година, патничките автомобили и доставните возила на Mercedes ќе се произведуваат неутрално во однос на СО2 во 30-те фабрики ширум светот. Истото важи и за производството на батерии во новата фабрика во Каменц, отворена во 2018 година, која уште од старт работи со нула СО2-биланс. Таму се произведуваат батериите за хибридните, плагин-хибридните и електричните возила на Mercedes.

Mercedes фабрика батерии

Mercedes S-Class уште во текот на годинава ќе започне да се произведува во новата фабрика „Factory 56“ во Зинделфинген, чиешто отворање е планирано за септември. Посебно се внимавало на подрачјата на дигитализацијата, флексибилноста и одржливоста во производството. Подоцна во фабриката ќе се произведува и EQS, како член на фамилијата модели од S-Class, со погон само на струја.

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63
Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

До крајот на годинава, понудата на Mercedes ќе вклучува пет модели со погон само на струја и 20 варијанти на постоечки модели со плагин-хибриден погон. Последново важи за сите моделски серии од A до S-Class, како и од GLA до GLE. Досегот изнесува до 100 километри, пред да се вклучи обичниот мотор.

Дополнето: 18.00 ч

Моментната понуда од електрични модели на Mercedes ги вклучува EQC 400 4Matic, трите модели smart EQ и EQV 300 на база на V-Class. Се очекува и компактен модел со погон на струја (EQA), покрај претходно спомнатиот EQS.

Неколку објави на инстаграм во кои се шпекулира околу новиот S-Class

https://www.instagram.com/p/B53QckaneXK/

https://www.instagram.com/p/CAIWCqQJ0Zk/

https://www.instagram.com/p/CAFls7-F9fv/

=========

Постот ќе го обновуваме повеќепати во текот на денот, како што ќе дознаваме нови информации од обраќањето на шефот Келениус до медиумите.

Mercedes S-Class 2020
Mercedes S-Class 2020

Претходна објаваКаков избор на користено возило е: Peugeot 208/207
Следна објаваToyota повторно произведува во фабриката во Чешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here