Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта

Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта
Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта

Во неделите, во неколку општини во Берлин, улиците се затвораат за автомобили и просторот се користи за децата да можат да играат. Целта е во услови на корона да им се обезбеди повеќе простор на децата. Проектот наиде на критики, но има и позитивни реакции.

(Преземено од Дојче Прес Агентур)

На улица во берлинската општина Фридрихсхајн, сообраќајот во неделите се одвива со брзина на пешачење. Поточно, со брзина на лазење. Бебе во шпилхозни лази по асфалтот што е ишаран со креда. Деца играат бадминтон или возат ролери. Недостига само еден вид учесници во сообраќајот, автомобилите.

Улиците се претворени во детски игралишта. Секоја недела, меѓу 13 и 19 часот, забранет е сообраќај за автомобили, мотоцикли и велосипеди. Целиот простор им припаѓа на децата.

Проектот на општината Фридрихсхајн во германската престолнина има за цел да се ослободи простор за децата да играат, што е оневозможено откако почна пандемијата. Игралиштата беа затворени долго време, а спортските терени и училишните дворови уште се табу.

Фридрихсхајн е меѓу најгусто населените општини во Европа. Покрај само 6,4 метри квадратни зелена површина по жител, игралиштата и парковите се преполнети уште во нормални времиња.

По две недели откако почна реализацијата на проектот, општината пренамени 18 улици во привремени игралишта. Повеќе од 400 доброволци се пријавени, со задача да ги информираат збунетите возачи на автомобили, зошто улицата одеднаш е затворена.

Пристап е дозволен само за итни случаи и за итна достава, како и за лица со посебни потреби, кои можат да пристапат кон одредиштето со возило.

Ова не е првпат да се применува идејата. Концептот е мошне раширен во Англија, кадешто само во Лондон постојат 100 привремени игралишта.

Корона наведе на нови размислувања и пристапи. Во Берлин, улиците за играње се отвораа една по друга. Во општината се планирани уште 30 слични зони. Останатите општини во градот сакаат да се приклучат, меѓу нив Нојкелн и Панков.

Во последно време се јавуваат и критики. Жители се пожалиле за тоа што во неделите повеќе не можат да го користат својот автомобил како порано. Некои од нив, поставија транспарент со кој што бараат дворовите во новоградбите да се отворат за јавноста, место да се затвораат улиците.

Повеќето од жителите сепак ги прифаќаат ограничувањата. Некои дури се зачудени, како е можно толку интерес да привлече најобично затворање на улицата за сообраќај, без да се поставува опрема за играње или разни атракции. Луѓето коментираат: „Доволно е само малку повеќе простор во нашиот град. Повеќе од тоа не треба.”

Претходна објаваНе е кабриолет и не е купе, туку е Porsche 911 Targa
Следна објаваMercedes пред 25 години го воведе системот ESP

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here