за

Ford Ranger со специјален третман за бестселери

Ford Ranger Thunder
Ford Ranger Thunder

Ford понуди серија ограничена на само 4.500 примероци од Ranger, кој цврсто останува на водечката позиција меѓу пикапите на европскиот пазар. Специјалната серија се води како Ranger Thunder и се одликува со неколку впечатливи детали во надворешниот изглед и во кабината.

Актуелниот носител на титулата на пикап на годината, Ford Ranger, доби специјална серија што ќе биде достапна во број ограничена на само 4.500 примероци за целиот европски пазар. Измените кај „Thunder“ имаат за цел да се нагласат својствата со коишто пикапот им се приближува на СУВ-возилата, додека тој во исто време ги задржува традиционалните вреднсоти во смисла на високата носивост, можноста за влечење тежок товар и големата приспособливост.

Моторот е дволитарски дизел со 213 КС и 500 њутнметри, во комбинација со 10-степен автоматик познат од Mustang и F-150. Како основа за моделот од специјалната серија Thunder се користи варијантата Ranger Wildtrak, која воедно е меѓу најпопуларните во гамата на пикапот. Со погон на сите тркала и способност да влече тежок товар, Ranger Thunder е логичен избор за сопствениците на јахта или голема камп приколка.

Вешто нагласените детали во изгледот прават Ranger да добие уште повпечатлива појава

Каросеријата е лакирана во темносива боја, бандажите од 18 инчи се црни и со ексклузивен дизајн за Thunder. Со мат црна боја се нагласени предната маска, задниот браник, заштитните плочи на подвозјето, рамките на магленките, украсниот лак во товарниот простор и рачките на вратите. На тоа се надоврзуваат детали во црвена боја на маската и на лакот назад, а во истата боја е изработен и натписот Thunder отстрана на вратите и назад.

New item by Automedia MK / Google Photos

Диодни светла се стандард, заедно со затемнети задни светла. Во стандардната опрема следува и прекривка за товарниот простор, што обично се избира како опција кај другите моделски изведби. Седиштата се обложени со црна кожа, со црвени детали, во бојата што понатаму се провлекува низ целата кабина. Специјално за Thunder се изработени и нагазници со осветлување во црвена боја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тест: Ford EcoSport 1.5 EcoBlue Titanium AWD

Test Ford Ecosport 15 Ecoblue
Тест: Ford Ecosport 15 Ecoblue

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault pregovori sprotivna nasoka

Франција сака да ја поттикне продажбата на чисти автомобили

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf