Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf
Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

Системот во новиот VW Golf, што има задача автоматски да ги повика службите за прва помош во случај на незгода, треба да добие нов софтвер. Бројни портали го злоупотребија тоа за бомбастични наслови и вештачка читаност, додека реално станува збор за проблем околу чиешто надминување не треба да се крева многу врева.

Најголемиот производител на автомобили во Европа работи на надминување на проблемот со системот eCall во новата генерација на Golf, кој има функција автоматски да ги алармира локалните служби за прва помош во случај на судир или излетување од патот. Моментно се проверува дали пропустот во функционирањето на системот eCall се повторува и кај останатите модели на концернот Volkswagen, што користат иста платформа со Golf 8. Тоа важи за Seat Leon, Audi A3 и за Skoda Octavia, кои во серија доживеаја премиера во своите нови моделски генерации, откако Golf прв повлече нога.

Претходно во јавноста проструи информација дека Volkswagen ќе спроведе сервисен повик за штотуку стартуваниот Golf 8. Според извори од компанијата, при интерните тестирања се утврдило дека кај одредени примероци од моделот доаѓа до прекин во преносот на податоци од контролниот уред за eCall. Според стандардите за квалитет на концернот, вакви исклучоци кај одредени примероци од произведената серија не смее да се дозволат.

Вчитување нов софтвер треба да го реши проблемот со автоматскиот повик eCall

Во следните денови се очекува Сојузната служба за моторен сообраќај да објави сервисен повик, кадешто ќе бидат наведени сите детали околу потребните зафати и начинот на којшто веќе испорачаните возила ќе бидат повикувани во сервисните работилници на VW, заради отстранување на откриениот пропуст кај eCall.

Производството на Golf 8 продолжува, меѓутоа возилата се оставаат да мируваат на фабричките плацеви, од кадешто потоа ќе бидат повлекувани за да се изврши зафатот – веројатно ќе биде доволно само да се вчита нов софтвер.

Целата оваа процедура треба да мине брзо и без какви било последици врз функционирањето на возилата. Повеќе има неизвесност околу прашањето, дали пропустот потекнува од добавувачите. Системот eCall се испорачува како готов модул од добавувачите и само се вградува во погоните за завршна монтажа на автомобилите.

Нашата објава од 2018 година >>> Новите модели задолжително со систем eCall од април

e-call avtomatska dojava

Претходна објаваFord Ranger со специјален третман за бестселери
Следна објаваMini на струја е голем автомобил во Лас Вегас

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here