за

Новите модели задолжително со систем eCall од април

eCall zadolzitelno vo novite modeli

Сите нови моделски генерации што ќе стартуваат со продажба од следниот месец мора да бидат опремени со eCall. Системот автоматски испраќа аларм до брзата помош во случај на незгода. Освен во патничките автомобили, eCall ќе се вградува и во лесните товарни возила.

Околу новиот систем се дискутираше долго време во ЕУ, законот е донесен уште пред три години, а стапува на сила во април. Уредите кои автоматски ги алармираат службите за спасување во случај на сообраќајна незгода стануваат задолжителни во секој нов модел што ќе се појави на пазарот по 31-ви март. Европскиот Парламент очекува системот eCall да придонесе за намалување на бројот на кобни жртви и повреди во патниот сообраќај. Уредот е задолжителен во сите нови модели на патнички автомобили и доставни возила што ќе се појават на пазарот од следниот месец.

Преку eCall драстично ќе се скуси времето за пристигање на брзата помош во подрачјата надвор од градовите, како и во градските подрачја. Автоматската дојава на сообраќајна незгода ќе спасува околу 1.500 животи годишно во ЕУ. Системот се базира на европскиот број за брза помош 112 и функционира вонгранично.

Според статистиката на ЕУ, преклани во Унијата имало 25.500 сообраќајни жртви, а 135.000 лица биле тешко повредени. Во споредба со 2010 година, бројот на незгоди со кобни жртви се намалил за 19 проценти. Но, тоа е недоволно за остварување на целта на ЕУ, бројот на незгоди до крајот на деценијата година да се намали двојно во споредба со 2010 година.

[box type=”note” align=”alignleft” class=”” width=””]Во Македонија во периодот меѓу 2005 и 2015 година, според официјалните статистички податоци, бројот на сообраќајни незгоди се зголемил за околу 40%. Бројот на кобни жртви е зголемен за повеќе од 40%. Сообраќајот се покажал најмногу кобен за пешаците. Во десетгодишната споредба, бројот на загинати пешаци е зголемен за 44 проценти. Тоа веќе одамна требаше да го активира алармот кај институциите во чијашто надлежност е безбедноста во сообраќајот.[/box]

Најголемиот број незгоди со кобни жртви (55%) во ЕУ, во 2016 година се случил по споредни патишта. Осум проценти од незгодите во кои загинале луѓе се случиле во град, а преостанатите 37% во градскиот сообраќај. Со 46 проценти, уделот на загинати патници во автомобил е ист со уделот на пешаци, велосипедисти и мотоцикли кои загинале во сообраќај.

Зошто (не) ги почитуваме сообраќајните правила

Нови безбедносни стандарди во возилата од 2018 година

Volvo бара сите производители да си разменуваат податоци за безбедноста

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan Leaf 4R Energy reciklirani baterii 1

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

hyundai pretsedatel sindikat

Вработените во Hyundai во страв од електричните автомобили