Франција сака да ја поттикне продажбата на чисти автомобили

Renault pregovori sprotivna nasoka
Renault pregovori sprotivna nasoka

Француската влада планира да ја поттикне продажбата на возила со чиста емисија и да ѝ помогне на автоиндустријата во земјата. За државната помош да се реализира, властите сепак поставуваат неколку услови.

Француските власти планираат да ја поттикнат продажбата на возила со чиста емисија, во чекор со заздравувањето на стопанството по корона-кризата. Според властите, кризата мора да се искористи како еден вид лост, со цел да се забрза преоѓањето на еколошки возила и францускиот народ да се охрабри да купува возила, кои народот не може да си ги дозволи во моментов. Тоа го изјави министерот за економија Бруно Ле Мер за радио станицата Franceinfo.

Министерот бара француската влада во следните 15 денови да предложи план за поддршка на автомобилската индустрија. Мора да се засили преоѓањето на модели што помалку ја загадуваат животната средина, оценува Ле Мер.

Државата веќе најави јавна помош за автомобилската индустрија. Renault ќе добие помош во форма на државна гаранција за кредит во висина до пет милијарди евра. Но, условот што го поставува француската влада, како возврат за јавната помош, е производството што е преселено во странство, да се врати во земјата. Ле Мер го најави ова барање уште во минатата седмица. Концернот PSA Peugeot Citroen во април беше меѓу производителите со најголем пад во продажбата на европскиот пазар.

Може ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?

Renault Captur
Renault Captur

Претходна објаваAbt прави електрично тјунирање на VW Caddy
Следна објаваFord Ranger со специјален третман за бестселери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here