Tesla доби дозвола да продолжи со производство

tesla model 3 proizvodstvo

Фабриката на Tesla во Калифорнија доби дозвола да продолжи со работа. Претходно се водеше жестока расправија меѓу Илон Маск и надлежните институции.

Во фабриката на Tesla во Фремонт, Калифорнија, работниците од денес смеат и официјално да продолжат со работа. Веста ја објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на внатрешен допис во компанијата. Производителот ги известил своите вработени, дека е добиена дозвола од институциите, за повторно отворање на фабриката.

Во е-пораката до вработените се наведува дека фирмата добила официјално одобрение од министерот за здравство за надлежната област Аламеда, за продолжување со работа. Лори Шелби, заменик директорка за здравје и безбедност, во пораката пишува дека локалните власти ја посетиле фабриката, по што следела целосна согласност за продолжување со производство.

Полицијата ја контролираше фабриката во Фремонт во минатата недела. Институциите на областа Аламеда претходно најавија дека ќе дозволат фабриката да продолжи со работа од оваа недела, доколку се почитуваат заштитните мерки за вработените. До денес, Tesla имаше дозвола да работи само на подготовка за производство.

Областа Аламеда го продолжи ограничувањето на движењето во јавност до крајот на мај, додека сојузната американска држава Калифорнија дозволи, фирмите повторно да ги отворат вратите со почитување на одредени мерки на претпазливост. Tesla поднесе тужба против одредбите на областа, додека Маск во исто време најави дека ќе ја отвори фабриката и покрај локалната забрана, при што беше подготвен и да биде приведен поради тоа. Шефот на Tesla доби поддршка и од Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на твитер објави дека фабриката треба да се отвори.

Во фабриката на Tesla влезе полиција да ја провери корона-заштитата

Претходна објаваА, кој(a) го измисли првиот ретровизор?
Следна објаваAbt прави електрично тјунирање на VW Caddy

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here