Сер Стирлинг Мос во 1968 зад воланот на Suzuki

Сер Стирлинг Мос во 1968 зад воланот на Suzuki Fronte SS
Сер Стирлинг Мос во 1968 зад воланот на Suzuki Fronte SS

Suzuki годинава одбележува еден век, откако Мичио Сузуки започна со производство на разбои и ги постави темелите на компанијата. Во долгата историја секако дека има и бројни настани и достигнувања. Сер Стирлинг Мос, во 1968 година седна зад воланот на Suzuki Fronte SS.

Развојот на првиот автомобил на Suzuki почна уште рано во историјата на компанијата, во 1937 година. Но, војната го прекина развојот и требаше да минат уште речиси две децении, додека првиот автомобил на Suzuki и фактички се појави во продажба. Тоа се случи во 1955 година, со Suzulight. Напредокот беше брз и од почетните 200 примероци, продукцијата во 1960 година веќе достигна 5.824 возила.

Следниот важен модел беше Suzulight Fronte FEA, во март 1963. За автомобилот добро да се промовира пред публиката, Fronte учествуваше на првата трка за Големата награда на Јапонија, во Сузука, кадешто автомобилот ги освои 1-то, 2-то и 4-то место во категоријата на малечки автомобили. Иновацијата кај Fronte беше во посебниот систем за подмачкување, наречен Selmix.

Suzuki Fronte FEA

https://photos.app.goo.gl/PgqUA8XErv3ej9EJ7

На 12-ти август 1968 година беше организирано тест-возење на италијанската Аутострада дел Сол, со цел да се докажат спорстките перформанси на новата моделска изведба Fronte SS. За тестирање беа поканети прочуениот тркач Сер Стирлинг Мос и Мицуо Ито, фабричкиот мото-тркач на Suzuki, победник на Ајл оф Мен ТТ во класата до 50 ccm во 1963 и прв јапонски мотоциклист што победил на ТТ.

Аутострада дел Сол има должина од 750 километри, од Милано до Неапол, во тоа време без брзински ограничувања, но затоа со многу свијоци и тунели. Мос и Ито се појавија на првата мерна станица во Рим, возејќи 550 километри од Милано до Рим за четири часови и 27 минути. Со просечна брзина од 124 km/h, тоа беше главна автомобилска вест во светот.

Suzuki Fronte SS

https://photos.app.goo.gl/DqLP5RZeFJDWJLGs7

Двете возачки легенди потоа го продолжија возењето до Неапол, постигнувајќи просек од 121 km/h, како доказ за перформансите и издржливоста на новиот автомобил со мотор од само 360 сантиметри кубни, со 25 КС и тежина од само 420 килограми.

Сер Стирлинг Мос, во својата тркачка кариера извозе 529 трки, не вклучувајќи ги релијата, ридските трки и рекордите. Неодамна починатата возачка легенда победи на 212 трки, односно на 40% од сите учества на трка.

Suzuki Fronte SS 360 имаше различен концепт од Suzulight. Првпат беше применет погон и мотор назад, а драстично се смени и дизајнот. Во кабината имаше место за четири патници.

По 65 години од испораката на својот прв автомобил, Suzuki е познат на светската сцена како специјалист за мали автомобили и годишно произведува три милиони возила. Идејата за лесна конструкција се почитува до денес. Suzuki Swift Sport Hybrid тежи само 1.025 килограми.

Suzuki Ignis Hybrid или автомобилот со 29 денари еко-такса

suzuki ignis hybrid

Претходна објаваВо фабриките на Skoda не знаат за отпад
Следна објаваЦрно парче полно со моќ од Brabus

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here