Црно парче полно со моќ од Brabus

Brabus Mercedes GLE
Brabus Mercedes GLE

Новата генерација на GLE ја заокружи повеќе од 20-годишната успешна приказна на СУВ-моделите на Mercedes. За овој голем автомобил и Brabus има нешто да додаде.

Моќноста на автомобилите веќе долго време е преголема за во целост да се искористи по јавните патишта, но тоа не значи дека големите тјунерски работилници останаа без работа. Инженерите на легендата на оваа сцена, на Brabus, уште умеат да извлечат уште некоја коњска сила од моторите.

Во германското гратче Ботроп, кадешто е седиштето на оваа куќа на ексклузивноста и на уметноста на претерувањето, имаат кит за зголемување на моќноста за турбодизелите во Mercedes GLE 300 d и GLE 400 d. Во понуда има и спортско-елегантни додатоци за каросеријата, а секако и бандажи во најразличен дизајн, кои за големиот СУВ досегаат до 23 инчи. Домен на Brabus останува и рачното обложување на кабината со кожа и со ексклузивни материјали.

https://photos.app.goo.gl/m3z3Q7wQLTkfmcGN8

Отворите во предниот браник од AMG Line, во верзијата на Brabus имаат уште повпечатлив изглед, а во нив се поставени и светлечки ленти, што го осветлуваат просторот околу возилото кога возачот ќе се приближи. Стилот го заокружува и масивен спојлер назад.

Главниот нагласок сепак го ставаат препознатливите моноблок бандажи на Brabus. Најголемата варијанта е F „Platinum Edition“ со димензија 11Jx23, со гуми 295/35 ZR 23. Мајсторијата на тјунерите е во тоа што пневматската амортизација Airmatic (ја спушта каросеријата за 25 mm) е приспособена за оваа екстремна димензија на гуми и бандажи.

Зголемувањето на моќноста е според принципот Plug-and-Play, со модул што се интегрира во CAN-Bus на Mercedes GLE. Тоа е постапка што може да ја изврши секоја овластена работилница на Mercedes-Benz или партнер на Brabus, буквално за помалку од една секунда.

Китот за зголемување на моќноста Brabus PowerXtra D30 го зголемува вртежниот момент на GLE 300 d од сериските 620 Nm на 690 Nm, кои стојат на располагање меѓу 1 600 и 2 400 вртежи. Моќноста расте од 258 на 306 КС при само 3 600 вртежи.

Перформансите се менуваат значително со BRABUS D30: Спринтот се скусува за 1,4 секунда, на само шест секунди, а воедно и крајната брзина расте на 229 km/h.

Сето тоа е уште поекстремно во GLE 400 d, со вградување на модулот BRABUS PowerXtra D40. Моќноста расте на 370 КС при 4200 вртежи, додека максималниот вртежен момент изнесува 750 Nm при 2 500 вртежи. Спринтот до темпо сто трае 5,5 секунди, крајната брзина е 250 km/h. Во завршна фаза се и дополнителни верзии за останатите мотори во GLE.

https://photos.app.goo.gl/qU8iRaJm7599yiLA6

https://photos.app.goo.gl/EUh4uS1JZ848SoP7A

https://photos.app.goo.gl/e3Jh9F57QNS17xyQ6

https://photos.app.goo.gl/YQAccFdSoBDQRZx29

Нашиот тест >>> Mercedes GLE или автомобилот што е подобар од реалноста

Mercedes GLE 400 d test
Mercedes GLE 400 d

Претходна објаваСер Стирлинг Мос во 1968 зад воланот на Suzuki
Следна објаваИдните модели на Volvo ќе возат со помош на „лидар“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here