Комисијата на ЕУ ја одобри гаранцијата на Франција, за Renault да подигне кредит до 5 милијарди евра. Производителот со голем број вработени е важeн за целата европска економија, а се земаат предвид и електричните возила на марката.
Франција ќе гарантира за Renault да подигне кредит во висина до пет милијарди евра. Комисiјата на ЕУ ја одобри оваа мерка. Потпретседателката Мартрет Вестагер укажа дека европскиот производител на автомобили е важен за економијата со повеќе од 73.000 вработени. Покрај тоа, Renault има постигнато голем напредок во електромобилноста, што е важно за Европа да ги достигне климатските цели.
Според податоците од Комисијата, гаранцијата ќе покрие до 90 проценти од кредитниот износ. Институцијата во Брисел потврди дека гаранцијата е во согласност со регулативата за помош, во којашто се преземени неколку отстапки поради корона-кризата. Кредитната гаранција е неопходна за Renault да покаже ликвидност пред банките.
Renault претрпе силен удар од кризата. Речиси целата продукција е запрена, исто како и поголемиот дел од продажната мрежа, а 90 проценти од персоналот е на принуден одмор. Шефот на концернот Жан-Доминик Сенард во почетокот на април потврди дека на Renault му е потребна кредитна гаранција од државата. Не се исплатуваат дивидендите за 2019 година, а топ-менаџерите се откажуваат од дел од платата.
Франција има силно влијание во Renault, со удел од 15 проценти во акциите на компанијата.

















