Во Берлин приведени двајца уценувачи на концернот Daimler

Во Берлин приведени двајца уценувачи на концернот Daimler
Во Берлин приведени двајца уценувачи на концернот Daimler

Полицијата во германскиот град Берлин привела двајца осомничени, поради уцени упатени кон концернот Daimler. Тие барале автомобилската компанија да им исплати повеќемилионска сума.

Специјалната единица на берлинската полиција привела две лица, под сомневање дека му се заканувале на концернот Daimler. Лицата се на возраст од 30 и 59 години и во петокот биле приведени на улица во германската престолнина. Соопштението за случајот заеднички го издадоа државното обвинителство и полицијата на Штутгарт, и берлинската полиција.

Двајцата мажи се обидувале да изнудат „висока парична сума“ од компанија од индустријата. Регионалните медиуми потврдија дека станува збор за Daimler. Од концернот вчера потврдија дека бил „извршен обид за уцена“. Полицијата била информирана веднаш, нема настанато човечка штета.

Приведениот уценувач уште денес ќе биде изведен пред германскиот суд

Главниот осомничен на 30-годишна возраст се заканувал дека ќе ги контаминира компаниските возила со отровна жива. Во истрагата биле вклучени 20 службени лица. Во станот на осомничениот бил пронајден доказен материјал. Станува збор за лице што има полициско досие поради деликти со наркотици и измама. Тој уште денес ќе биде изведен пред судот. Осомничениот за соучесништво е пуштен на слобода, поради отсуство на конкретни докази за неговото учество во делото.

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Претходна објаваКако Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес
Следна објаваVolvo до април продаде 130.000 возила, XC60 е бестселер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here