за

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес
Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Пред 120 години, името на едно единаесетгодишно девојче прерасна во поим за автомобили и за првата луксузна марка во светот. На 2-ри април во годината 1900-та, Daimler-Motoren-Gesellschaft (Друштво за моторни возила Дајмлер) реши своите автомобили да ги именува Mercedes. Така се викаше ќерката на Емил Јелинек. Овој родум Австриец, во својата фирма во Ница продаваше возила на Daimler и ги пушташе по трки.

Првото возило со звучното шпанско име, Mercedes 35 PS, постигна триумф уште при првото учество на тркачката недела во Ница. Автомобилот поседуваше напредна техника за тоа време, но го привлекуваше вниманието и со елегантниот дизајн. Mercedes 35 PS се цени како пример, од когошто започнува актуелната ера во конструирањето на автомобилите. Пол Мејан, тогашен генерален секретар на автомобилскиот клуб на Франција, по победата изјави: „Влеговме во ерата на Mercedes“.

Името Mercedes оттогаш се појавува на маската на патничките автомобили на Daimler. Името беше регистрирано како заштитен знак на 23-ти јуни 1902 година. Историчарите на Mercedes ја опишуваат марката како спој меѓу убавина и елеганција, со моќност и техника. Истото важи и за денешните возила, дополнително вклучувајќи ги интелигенцијата и емоциите.

Единствена автомобилска марка со женско име

Mercedes-Benz до денес е единствена автомобилска марка што носи женско име. „Дамите како Мерцедес Јелинек или Берта Бенц уште од самиот почеток ја одбележуваат успешната историја на Mercedes-Benz. Од 2016 година наваму, таа е највредна луксузна автомобилска марка во светот и се појавува како единствена европска марка во Топ 10 во рангирањето за „Best Global Brands 2019“ на познатата консултантска компанија Interbrand.

Мерцедес Јелинек, на 11-годишна возраст; Нејзиниот татко, Емил Јелинек, беше трговец со возилата на Daimler во Ница и првично планираше своите возила за трки да ги користи под името на ќерката, но името продолжи да се користи, за две години подоцна името да биде регистрирано како заштитен знак
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model Y

Tesla со рекордна испорака во првото тромесечје: Над 100.000 возила

Во Берлин приведени двајца уценувачи на концернот Daimler

Во Берлин приведени двајца уценувачи на концернот Daimler