Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил

Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил
Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил

Volvo Cars има убави вести за сите потенцијални купувачи на автомобил од шведската марка до крајот на годинава. Секој автомобил продаден заклучно со 31.12.2019 ќе биде испорачан со бесплатен сет оригинални зимски тркала од Volvo, односно комплет зимски гуми и алуминиумски бандажи.

Како што наведуваат од македонскиот увозник на марката, зимските тркала на Volvo ги поседуваат највисоките безбедносни стандарди и обезбедуваат најдобра контрола на автомобилот. Во сетовите на тркала се вклучени врвните брендови за гуми, кои се монтираат на оригиналните алуминиумски бандажи од Volvo, а со тоа се добиваат најдобрите возни својства во текот на зимата.

Понудата важи за сите автомобили од сериите 40, 60 и 90, а истата се надоврзува на веќе постоечката услуга Volvo Cars Finance – финансирање скроено по мерка на клиентот. Каматната стапка е фиксна (4,5%), а отплатата може да се врши и до 7 години.

Volvo V60 Cross Country

Продажбата на Volvo напредува подобро од пазарниот просек

Претходна објаваАутомакедонија e нов увозник и дилер за марката SsangYong
Следна објаваНаградна игра од Лукоил, главна награда автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here