за

Аутомакедонија e нов увозник и дилер за марката SsangYong

аутомакедонија ssangyong
аутомакедонија ssangyong

SsangYong пристига како трето име во автомобилската понуда на Аутомакедонија. Договорот за дилерство штотуку се финализираше, во тек е комплетирање на продажно-сервисната мрежа и организирање на настапот кој ќе доведе до поубедливо присуство на SsangYong на македонскиот пазар, во време кога марката постигнува голем напредок во својата моделска понуда.

Како што се наведува во соопштението од компанијата, генералниот директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински и претседателот на корпорацијата Ратола, овластен дистрибутер на корејската марка SsangYong за нашата земја, г-дин Васил Баров, потпишаа договор за соработка и партнерство. Со договорот, Аутомакедонија АД Скопје, официјално стана увозник, дилер и овластен сервисер за возилата од програмата на SsangYong за нашата земја. Првите возила се веќе порачани и на пат кон Скопје.

Салонот на SsangYong ќе биде лоциран во продажносервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода во Скопје (бул. Борис Трајковски бр. 21), во кој ќе биде сместен и овластениот сервисен центар. Подготовките на инфраструктурата, опременоста и кадарот се во тек. Официјалните активности се очекува да стартуваат во месец Декември, 2019 година.

SsangYong Korando Nov
SsangYong Korando

Директорот Дочински по повод потпишувањето на договорот, изјави: „Силно сме уверени дека возилата на корејскиот производител на возила, специјализиран во сферата на SUVмоделите, ќе биде одлично надополнување на понудата на Аутомакедонија. Ќе работиме силно на промоцијата на брендот и неговите вредности на пазарот и ќе дадеме сé од себе, да ја освоиме довербата на нашите постоечки и нови клиенти со квалитет и врвна услуга. Веќе сме во преговори со домашните финансиски институции, возилата на SsangYong да влезат на пазарот и со одлични пакети за финансирање кои ќе им помогнат на нашите граѓани полесно и поедноставно да го направат својот вистински избор.”

Новиот Korando имаше премиера на салонот во Женева во март и го претставува најголемиот генерациски скок во моделската историја на марката

Почетокот на активностите на Аутомакедонија се совпаѓа во периодот во којшто се случија и се случуваат големи промени во марката SsangYong. Свежо е стартувана четвртата генерација на Korando, како познато име на сцената на SUV-возила, достапно во изведба со погон на две или на сите четири тркала. Понудата од мотори се состои од 1,6-литарски дизел со моќност од 136 КС и нов турбо-бензинец со директно впрскување 1.5 GDI-Turbo со 163 КС. На тестирањето на EuroNCAP, моделот освои максимални 5 ѕвездички за безбедност. Гаранцијата важи за период од пет години, како и за сите останати модели на SsangYong.

Стартува и новото моделско годиште на знаменосецот Rexton, компактниот Tivoli исто така претрпе темелно освежување, а пристига и нова, подолга верзија на пикапот Musso Grand.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

проиѕводство на челик

Thyssenkrupp користи водород во производството на челик

Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил

Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил