Продажбата на Volvo напредува подобро од пазарниот просек

Volvo продажба во свет
Volvo продажба во свет

Volvo во првите девет месеци од годинава продаде повеќе од половина милион автомобили и постигна раст од 7,4 проценти. Тоа е подобро од просекот на пазарот, шведската марка е меѓу добитниците во актуелните пазарни услови.

Volvo ја задржа продажбата на рамномерно ниво во првите девет месеци од годината, со раст од 7,4 проценти и вкупно продадени 507.704 автомобили на светскиот пазар. Сите клучни пазари – Европа, Кина и САД – бележат постојан раст во периодот од јануари до септември, дополнително придружено со фактот што Швеѓаните постојано продаваат подобро од пазарниот просек. Само во септември се продадени 64.636 автомобили, што е 6,5% подобро од истиот месец лани.

Главен носител на продажбата е СУВ-триото, составено од XC40, XC60 и XC90, а солидни бројки постигнуваат и неодамна лансираните модели, комбито V60, неговата теренска изведба V60 Cross Country и лимузината од средната класа S60, којашто пристига од американската фабрика.

Половина од продажбата на Volvo е постигната на европскиот пазар, со раст од шест проценти

На европскиот пазар отпаѓа половина од продажбата, со 247.610 автомобили во периодот од јануари до септември. Тоа претставува зголемување од 6 проценти во споредба со првите девет месеци лани. Најголем раст има на пазарите во Велика Британија (+19,3%) и Германија (+24,8%).

најпродавани модели во САД сосем очекувано се XC90 и XC60. Во Кина, за девет месеци се постигнати 109.512 продажби (+13.8%). Продажбата таму главно се базира врз XC60 и S90, кои се произведуваат локално.

Продажба на Volvo Cars до септември по региони

2019

Промена

Европа

247,610

6%

Кина

109,512

13.8%

САД

77,432

4.7%

Други

73,150

6.4

Вкупно

507,704

7.4%

Најпродаван модел останува XC60, со 145.629 примероци, пред XC40 со 95.475 возила и XC90 со вкупно 71.830 продадени примероци во периодот од јануари до септември.

Модели Септември 2019 % Јан-Сеп. 2019 %
XC60 II 18717 0.70% 145629 7.90%
XC40 13213 42.70% 95475 96.70%
XC90 II 9165 9.40% 71830 2.10%
S90 5495 17.30% 41674 -4.90%
V60 II 3739 18.60% 38509 481.80%
V40 3475 -42.20% 34508 -25.90%
S60 III 3512 100.00% 17712 100.00%
V90 2009 -8.90% 16356 -34.00%
V90 CC 1520 -19.20% 13670 -16.00%
V40 CC 619 -64.60% 10869 -15.90%
V60 CC II 1418 100.00% 9959 100.00%
S60L 1456 -26.90% 9202 -52.70%
S60 II 67 -92.30% 983 -92.20%
V60 44 -96.10% 748 -96.60%
V60 CC 31 -95.10% 351 -96.80%
S60 CC 50 -37.50% 213 -73.50%
XC60 3 -83.30% 11 -99.50%
Други 3 100.00% 5 100.00%
Вкупно 64536 6.50% 507704 7.40%

https://www.instagram.com/p/B2y8Kx5F1N-/

Претходна објаваЕлектричниот Golf во Германија се продава поевтино од бензинецот
Следна објаваТоп 5 Најпродавани плагин-хибриди во Европа во август

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here