Музејот на Mercedes повикува на интерактивна инстаграм-прошетка

Mercedes музеј инстаграм
Mercedes музеј инстаграм

Следачите на инстаграм-профилот на Mercedes ќе можат на 21-ви и 28-ми октомври да учествуваат во интерактивна прошетка во музејот на марката. Повеќе од еден милион лица го следат инстаграм-профилот на музејот на Mercedes.

Историските автомобили на Mercedes привлекуваат многу внимание и на социјалните мрежи. Повеќе од еден милион лица го следат инстаграм-каналот на музејот на Mercedes, под @mercedesbenzmuseum. Тоа е добар повод за објектот што се вбројува меѓу туристичките знаменитости во Штутгарт, првпат да биде достапен за виртуелна прошетка преку инстаграм.

На 21-ви и 28-ми октомври, музејот на Mercedes поканува на интерактивна тура во живо, преку инстаграм-приказна. Љубители од цел свет ќе можат да пристапат во музејот и да ги погледнат вредните автомобили од историјата на марката.

Музејски водич ќе ја понесе заедницата на инстаграм на патување низ музејот на Mercedes, преку видеокамера и на англиски јазик. Следачите ќе можат да гласаат за следното одредиште на видео-прошетката или да учествуваат во квиз и да го покажат своето знаење. Содржините ќе бидат видливи и по турата.

https://www.instagram.com/p/B3wj57WCFld/

Mercedes календар за 2020 со „Цела година автомобили од соништата“

 

Претходна објаваПредлогот за ограничување на брзината не мина во Бундестагот
Следна објаваVolkswagen Multivan 6.1 во Германија стартува од 36.990 евра