за

Volkswagen Multivan 6.1 во Германија стартува од 36.990 евра

Volkswagen Multivan 6.1 ceni
Volkswagen Multivan 6.1 ceni

Германските дилери на Volkswagen започнаа да примаат нарачки за Multivan 6.1. Ценовникот за тамошниот пазар стартува од 36.890 евра. Покрај вообичаените нивоа на опрема Trendline, Comfortline, Highline, Edition, како и специјалните серии Family и Generation Six, за стартот на новата моделска генерација се нуди и ексклузивен модел Cruise, чијшто цени стартуваат од 59.900 евра.

Главниот нагласок при темелното моделско освежување на Volkswagen T6 беше ставен на можностите за поврзување со телефон и користење интернет услуги, како и на обновување на арсеналот од системи за асистенција.

За погонот е задолжен мотор TDI во изведби со моќност од 110, 150 и 199 КС. Двете посилни изведби може да се комбинираат и со погон на сите тркала.

За македонскиот пазар уште нема објавено информации.

https://www.instagram.com/p/BnnAfAkFghh/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes музеј инстаграм

Музејот на Mercedes повикува на интерактивна инстаграм-прошетка

олдтајмери подготовка презимување

Како правилно се подготвува олдтајмер за презимување