Ford и Ми-Да Гранд Моторс на нова локација и со нова понуда

форд мида гранд моторс нова локација
форд мида гранд моторс нова локација

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на својата нова локација, во комплетно нов и впечатлив продажно-сервисен објект, кој е воедно и еден од најмодерните автомобилски центри во нашата земја.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9.600 м2, од кои затворен објект на 2640 м2, вклучувајќи салон на Ford со површина од 450 м2, каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford. Сервисот опфаќа површина од 1.300 метри квадратни, во когошто постоечките сопственици на Ford ќе добијат сервисни услуги со висок квалитет и по врвни стандарди.

„Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на МИ-ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Посебни салони за продажба на користени автомобили во состав на центрите на големите марки  го следат примерот од европските дилерства

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, односно на крстосницата со Булевар „Словенија“. Покрај салонот и сервисот на Ford, центарот располага и со модерно опремено и просторно приемно одделение, како и паркинг за повеќе од 100 возила. Во состав на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

https://photos.app.goo.gl/9hUVVrVmNcyFbMmE8

Истовремено, по повод отворањето на новиот објект и 25-годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐ до крајот на 2019 година.

Во рамки на кампањата, за сите возила достапни на залиха, следуваат попусти од најмалку 15%, зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски гуми, каско осигурување, кровни носачи и сл. За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.

Претходна објаваMichelin затвора уште една фабрика поради намалена продажба
Следна објаваНиското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here