за

Ниското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење

Ниското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење
Ниското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење

Заслепувачкото сонце е најчеста причина за незгода, во случаите во коишто е намалена прегледноста за возачот. Во есен и зима, сонцето е пониско на хоризонтот, а со тоа се зголемува опасноста во возењето. Со внимавање на неколку совети, може да се вози спокојно при ниско сонце.

Температурите кажуваат поинаку, но вистина е дека веќе возиме во зимски услови. Тоа секако дека се однесува на положбата на сонцето на хоризонтот. Во есен и зима, сонцето е пониско и во одредени периоди од денот е голема опасноста за возачот да биде заслепен од силната светлина, при скршнување додека вози во град или по некој свијок на отворен пат.

Статистиките покажуваат дека заслепувачкото сонце било најчеста причина за незгода, во услови кога од надворешно влијание е намалена прегледноста за возачот, во периодот рано наутро или доцна навечер. Дополнителна сериозност додава фактот што тоа се периоди од денот во коишто е најобемен сообраќајниот тек и најголем е уличниот метеж.

Обичната вода во садот за миење на стаклата не помага, туку само за замачкува нечистотијата и може да предизвика затнување на системот

Неколку едноставни совети помагаат да се задржи безбедноста во возењето во овие услови. Единствено треба да се внимава ветробранот секогаш да биде чист, бришачите да не бидат крути и напукнати, односно да бришат добро, а секако дека треба да се внимава и садот за течност за миење на стаклата да биде полн. За последново сепак треба да се користи посебно средство, соодветно на сезоната, затоа што доколку се користи обична вода само се замачкува нечистотијата и мрснотијата, а воедно се таложи бигор во системот.

За споредба, другите случаи во коишто од надворешни влијанија е попречена прегледноста за возачот е неправилно паркирано возило што го блокира погледот, заслепеност од долги или неправилно насочени светла, прскање од други возила или дожд, снег и магла.

Возачите исто така треба да го приспособат своето возење, одржувајќи подолго растојание, користејќи ги штитниците за сонце и секако, возејќи побавно.

Ирска е европски шампион во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

форд мида гранд моторс нова локација

Ford и Ми-Да Гранд Моторс на нова локација и со нова понуда

bmw x5 златно полиција германија

Златни автомобили не ѝ се допаѓаат на полицијата во Диселдорф