Само неколку денови по најавата за затворање на фабриката во германскиот Халштат, производителот на гуми Michelin го најавува и затворањето на една фабрика во Франција.
Производителот на гуми Michelin ќе ја затвори фабриката со 600 вработени во Рош сур Јон во западна Франција. На вработените им се нуди можност да продолжат со работа во друга фабрика на Michelin на територијата на земјата.
Погоните јужно од градот Нант се претпоставува дека ќе престанат со работа до крајот на 2020 година. Од компанијата известуваат дека последната инвестиција на групацијата, во вкупна висина од 70 милиони евра, не е доволна за фабриката да остане активна. Според соопштението, причината за овој потег се „отежнатите услови на пазарот за гуми за автомобили со високи перформанси во земјата и во странство.“
Michelin неодамна најави затворање на својата фабрика со околу 850 вработени во баварскиот град Халштат. Таму постепено ќе се скусува продукцијата до конечното затворање во почетокот на 2021 година.
Причина за тоа исто така е намалениот пазар, но и конкуренцијата од азиските производители.