Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија

Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија
Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија

Јапонската автомобилска сцена се подготвува за Салонот во Токио, кон крајот на октомври. Toyota внесува дополнителна содржина со одржувањето на фестивалот на олдтајмери, кој годинава ќе го доживее своето 30-то издание. Меѓу бројните класичари, по улиците ќе возат и историски модели на Toyota, вклучувајќи ги ексклузивниот AB Phaeton и „бондовскиот“ 2000GT.

Историјата ќе заживее повторно по улиците за време на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија, како традиционален настан во организација на Toyota. Јангтајмери и олдтајмери ќе учествуваат во уличниот спектакл, кој се одржува на 27-ми октомври во Нагакуте, во префектурата Аичи.

Во рамките на фестивалот се одржуваат најразновидни настани. Главниот спектакл за публиката е возењето на историските автомобили по рута долга 14 километри, којашто е поставена за сите да можат да ги видат возилата. Околу 150 возила во приватна сопственост ќе возат по хронолошки редослед (ова сепак е Јапонија, сé мора да е во совршен ред и поредок), поаѓајќи од музејот на Toyota, преку Кагакуте, кон меморијалниот парк во Аичи, како крајно одредиште.

Посебен настан е „Автомобилите што ги претставуваат вековите“, со автомобилски икони од сите ери. Покрај модели од други марки, како Baker Electric од 1902 година или Franklin Series 9-B од 1919 година, тука ќе учествува и вечно актуелната Toyota 2000GT од 1969 година, заедно со неколку модерни класичари, како Toyota Prius од 1997 година и Lexus LFA од 2010 година. Од најдалечната историја на марката доаѓа Toyota Model AB Phaeton од 1938 година.

Toyota Model AB Phaeton (1938)

https://blog.toyota.co.uk/toyota-model-ab-phaeton

Toyota Model AB Phaeton е отворена изведба од Model AA, но има и многу други разлики меѓу двете возила. Phaeton е претставен во 1936 година, со цена од 3.300 јени. До 1945 година се изработени 353 примероци. Повеќето од нив се користени од војската, под ознаката ABR, а само мал број бил достапен за цивилни корисници.

Toyota 2000GT (1969)

https://photos.app.goo.gl/NaSrScMRzwrVVQyF7

Претставен премиерно на Салонот во Токио во 1965 година, овој моќен гран-туризмо е развиен заедно со Yamaha Motor, со врвни технологии за тоа време. Уште пред почетокот на продажбата, Toyota 2000GT постави три светски и 13 интернационални рекорди за маратонско возење со полна брзина, менувајќи до радикално имиџот на јапонските автомобили.

Toyota Prius (1997)

https://photos.app.goo.gl/Q1bBCHHtpYB3V7cz9

Примерокот од Prius на фестивалот потекнува од Mega Web и еден е од првите произведени возила во моделската серија, којашто ги постави корените на хибридниот погон, кој денес е присутен во целата моделска гама на Toyota.

Lexus LFA Prototyp (2010)

https://photos.app.goo.gl/SoENSPmRKu4wtbQz8

Lexus LFA беше развиен како круна на моделската понуда на јапонскиот концерн. Во суперспортскиот автомобил со монокок изработен од карбон, работи 4,8-литарски V10 со моќност од 560 КС. Моделот се произведе во серија од само 500 примероци и се дистрибуираше на 56 пазари ширум светот. На јапонскиот пазар беа испорачани 165 примероци.

Претходна објаваПобарувачката за батерии ќе се зголеми за 14 пати до 2030 година
Следна објаваTesla може првпат да продаде над 100.000 возила во еден квартал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here