Иновација за побрзо и поевтино производство на батерии за возила

Производство батерии иновација Технолошки институт Карлсруе
Производство батерии иновација Технолошки институт Карлсруе

Германските научници на Технолошкиот институт во Карлсруе постигнаа досега најбрзо производство на електроди за литиум-јон батерии. Иновацијата е во начинот на нанесување на материјалот. Во исто време се подобрува квалитетот и се намалува цената на производство.

При производството на електроди за батерии, материјалот на електродата се нанесува како ретка паста во форма на мали правоаголници врз бакарна или алуминумска фолија. Квадратите се прекинати со фолија што има мали празнини кои не се обложени. Тоа е неопходно за движењето на електроните. Проблемот е во тоа што процесот на нанесување на материјалот мора постојано да се прекинува и повторно да се стартува, заради изведување на тие куси празнини.

Дополнителна тешкотија е тоа што мора да се постигнат остри рабови, без размачкување на материјалот, при висока брзина на производство. Дури и најмалите грешки можат да ги уништат батериските ќелии. Денешните литиум-јон батерии се скапи токму поради тоа што има висок удел на неискористливи ќелии. Германските научници работеа токму на тоа поле.

Место со вообичаените 30 до 40 метри во минута, електродите во иднина ќе се произведуваат и со брзина од 150 метри во минута

Иновацијата се состои во тоа што на дизната за нанесување на материјалот на електродата ѝ беше додадена осцилирачка мембрана, којашто циклично го запира и повторно го почнува нанесувањето на пастата. Мембраната е полесна од механичките вентили и тоа овозможува нејзина побрза реакција.

Брзината на нанесување на материјалот на електродата досега се движеше меѓу 30 и 40 метри во минута. Со новата технологија се постигнуваат до 150 метри во минута. Поради тоа што мембраната се движи попрецизно од механичките вентили, воедно се подобрува и квалитетот на изработка, а се намалуваат грешките. Научниците ќе ја патентираат технологијата и ќе ја понудат за користење во индустријата.

 

Претходна објаваRimac C_Two ќе учествува на престижниот Салон Приве
Следна објаваАгент Рекс Дашер вози електрично Porsche во филмот за Плејмобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here