Rimac C_Two ќе учествува на престижниот Салон Приве

Rimac C_TWO
Rimac C_TWO

Најпрестижниот и технолошки најнапреден хиперавтомобил, или кусо, хрватскиот Rimac C_Two, ќе биде дел од престижниот Салон Приве, настан во Велика Британија кој на сцената ужива ист статус како Вила дЕсте или Пебл Бич.

Посетителите на 14-то издание на Салон Приве, четиридневен настан во палатата Бленхајм во Велика Британија со почеток на 5-ти септември, ќе имаат задоволство во живо да го запознаат новиот електричен автомобил на Мате Римац. За помалку од десет години, хрватската компанија Rimac Automobili прерасна во производител на хиператомобили, но и во партнер за технолошки развој на најголемите имиња на автомобилската сцена, како Aston Martin, Automobili Pininfarina, Koenigsegg, Porsche и други. Во последните две години, Porsche AG и Hyundai/Kia купија удел во компанијата.

Новиот електромобил Rimac C_Two e конструиран како чистокрвен гран-туризмо, но со електричен погон, користејќи ги искуствата со Concept_One, кој и самиот имаше премиера на Салон Приве во 2012 година. Развојниот принцип е едноставен: Само најдобри материјали и врвна технологија. Не постои автомобил што забрзува подобро од C_Two.

Целата школка е изработена од карбон, а батеријата и погонската спрега се изведени како интегрален дел од истата. Батеријата располага со 120 kWh, додека моќноста на погонот изнесува 1,4 мегават, односно повеќе од 1.900 КС. Крајната брзина е 412 km/h, спринтот до темпо сто трае помалку од две секунди, односно само 11,8 секунди до тристотини километри на час.

Моментно во Света Недеља се изработуваат прототипите, а наскоро ќе започне и редовното производство. Првите примероци од Rimac C_Two ќе бидат испорачани во 2020 година.

https://www.instagram.com/p/B0Vsxn6gwBx/

https://www.instagram.com/p/BzDgVY4g_8I/

Претходна објаваOpel ќе плати 190 мио. € за работниците да ги префрли во друга фирма
Следна објаваИновација за побрзо и поевтино производство на батерии за возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here