Opel ќе плати 190 мио. € за работниците да ги префрли во друга фирма

Opel Риселсхајм
Opel Риселсхајм

Opel ќе плати трицифрена милионска сума за инженерската компанија Segula да го преземе вишокот работници од производителот на автомобили. Планот е до крајот на месецот во Segula да преминат околу 700 работници на Opel.

Автомобилскиот производител Opel ќе посегне длабоко в џеб за инженерската компанија Segula да ги преземе работниците од Риселсхајм. Според објавата на германскиот економски неделник „Виртшафтсвохе“, Opel ќе префрли опколу 190 милиони евра на сметката на Segula. Информацијата произлегува од писмото коешто неделникот го има на увид.

Досега се префрлени 10 милиони евра, како еден вид бонус, затоа што Segula ги презема и објектите и постројките на Opel. До 30-ти август, најмногу 687 вработени на Opel треба да се префрлат на платниот список на инженерската компанија.

Продажбата на делови од развојниот центар на Opel во Риселсхајм е дел од санацијата на компанијата, по преземањето од PSA во август 2017 година. Opel неодамна пријави рекордна оперативна заработка од околу 700 милиони евра за првото полугодие.

Претходна објаваToyota меѓу малкуте марки што растат во Европа
Следна објаваRimac C_Two ќе учествува на престижниот Салон Приве

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here