Францускиот PSA очигледно го постави Opel на вистинскиот колосек. По вечните загуби во работењето на германската марка под тогашната закрила на General Motors, во првото полугодие Opel заработил 700 милиони евра, што е уште повеќе отколку лани.
Opel продолжува да работи успешно и во тековнава година. Оперативниот резултат на марката што му припаѓа на францускиот концерн PSA изнесува околу 700 милиони евра за првата половина од годинава. Во истиот период лани, Opel постигнал заработка во вредност од 502 милиони евра.
Германскиот производител со седиште во Риселсхајм, со децении му носеше загуба на General Motors. Во исто време и концернот постигнува напредок на сите работни полиња. На концернот PSA му припаѓаат уште марките Peugeot, Citroen и DS. Концернот во првите шест месеци го зголемил прометот за 0,7 проценти, на вкупно 38,3 милијарди евра. Чистата заработка пораснала многу повеќе. Таа изнесува 2,05 милијарди евра, што е за 335 милиони евра повеќе отколку во првото полугодие лани.
https://www.instagram.com/p/Bz-aS-MHH8v/
















