Од шампионите за статистика: Просекот во Минхен е 141 КС

просечна моќност автомобили Германија

Германските статистичари повторно на дело. Тие ја пресметаа просечната моќност на регистрираните автомобили по градови. Минхен и Инголштат се први, со повеќе од 140 КС, како домашен терен на BMW и Audi. Веднаш зад нив е Штутгарт, односно Mercedes. На север, моќноста опаѓа на околу 115 КС.

Баварските градови Минхен и Инголштат, домовите на марките BMW и Audi, имаат возен парк со најмоќни автомобили. Возилата во приватна сопственост во Минхен располагаат со просечно 141,1 КС, додека моќноста во Инголштат е само половина КС пониска.

Во споредба меѓу покраините, предводат Баварија и Баден-Виртемберг, кадешто се наоѓа Штутгарт, домот на Daimler. Последни на овој список се градовите и регионите од северниот дел на Германија. Автомобилите во округот Лер во Источана Фризија, покраина Долна Саксонија, просечно располагаат со 116,5 КС. Просекот во земјата е 127,8 КС. Баварскиот просек е 135 КС, во Баден-Виртемберг се 133 КС, во Хесен 131 КС, додека на завршетокот на списокот се Саксонија (123), Мекленбург-Форпомерн и Саксонија-Анхалт (со по 122 КС).

За статистиката се користени податоци од осигурителните компании во Германија. Моќноста на моторот е основна големина при пресметката на осигурителната тарифа, според принципот – посилен автомобил, поголема опасност за незгода.

https://photos.app.goo.gl/HwAHD8pWJ4Cuy6H79

Топ 10 Градови и региони во Германија со најмногу КС по автомобил

Град/Подрачје

Просек КС

Минхен

141,1

Инголштат

140,6

Штарнберг

139,2

Ајхштет

137,8

Регион Минхен

137,8

Динголфинг-Ландау

136,2

Баден Баден

135,8

Мисбах

135,7

Штутгарт

135,7

Фирстенфелдбрук

135,5

Претходна објаваVolkswagen со 2,3 млрд. € заработка за половина година
Следна објаваXC60 најпродаван модел на Volvo во првото полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here