Втората голема инвестиција на Макпетрол летово е проширувањето на мрежата од станици на кои се точи метан како погонско гориво. На гевгелиската станица за гориво на компанијата веќе се точи евтиното и еколошко гориво. Тоа е уште еден чекор во напорите на Макпетрол за пробив на горивото во коешто некои концерни веќе гледаат замена за дизелот.
Продолжува инвестицискиот циклус во сопствените капацитети на најголемата компанија за нафта и нафтени деривати во државата, Макпетрол АД. На бензинската станица во Гевгелија, непосредно по граничниот премин со Грција, потрошувачите ќе можат да наполнат метанско гориво во своите возила.
Компанијата веќе располага со четири постројки за полнење метан, лоцирани на станиците за гориво во Влае, Партизанска, Чојлија и Куманово, а оваа, во Гевгелија е петта во мрежата на бензински станици која на потрошувачите им овозможува да го користат метанското гориво.
Од 1-ви август, метанското гориво ќе биде достапно и на станицата за гориво во Битола, лоцирана на магистралниот пат кон Грција
Една од примарните цели на работењето на Макпетрол АД е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, биогорива и гас со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди.
Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, со цел унапредување на сопствените производи и услуги со единствена цел – поголема достапност и задоволство на потрошувачите.
















