Трипати повеќе електрични возила до 2021 година

toyota електрични возила
toyota електрични возила

Бројот на модели со погон на струја на европскиот пазар ќе се зголеми трипати до 2021 година. Вкупно 214 електрични автомобили ќе бидат достапни на пазарот, што е огромен скок во споредба со 60-те модели во 2018 година.

Консултантската компанија IHS Markit ги објави најновите анализи за напредокот на електромобилноста во Европа. Според заклучоците во истата, повеќето производители на автомобили го прифаќаат електричниот погон како примарен тренд. Меѓутоа, главниот услов е властите да им обезбедат доволни субвенции и привилегии на купувачите на електрични возила, како и широка мрежа од полначи за струја. На тој начин, купувачите полесно ќе се охрабрат да ги напуштат класичните дизели и бензинци.

Анализата покажува дека производителите на автомобили во 2021 година ќе нудат на пазарот 92 автомобили што возат само на струја и 118 плагин-хибриди. Тоа е неопходно, заради исполнување на целта на ЕУ, емисијата на СО2 да се ограничи на најмногу 95 g/km. Доколку се исполнат предвидувањата, 22 проценти од вкупно произведените возила во 2025 година ќе поседуваат приклучок за струја. Тоа е повеќе од доволно да се исполни лимитот на ЕУ за емисијата на СО2 што е поставен за таа година.

Планиран број на електрични модели од одделните марки кои ќе бидат достапни во периодот до 2025 година во Европа

https://photos.app.goo.gl/WjdNs1jZrGHwVfLb6

Другите видови погон нема да доживеат толкав напредок. Во 2025 година во светот ќе се произведат само 9.000 возила со погон на водород, наспроти четири милиони електрични автомобили. За возилата со погон на метан дури се предвидува и намалување на продукцијата. Нивниот удел во средината на следната декада ќе падне под 1 процент.

Toyota исто така преоѓа во офанзива со електрични модели, засега се објавени само дизајнерските скици од истите

https://photos.app.goo.gl/wT9qCNTy3V3reQCYA

Идните решенија за микромобилност се незамисливи без електричен погон

https://photos.app.goo.gl/5ykwBbMUkm85dwpR7

https://youtu.be/gfh3DfelW0E

Претходна објаваMG ќе го нуди електричниот СУВ и на европскиот пазар
Следна објаваSkoda Octavia слави 60 години: Специјални серии Combi Tour и RS60

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here