Британската марка MG наесен се враќа на европскиот пазар со електричен СУВ. Моделот ZS EV вози до 262 километри со полна батерија.
Кинескиот автомобилски концерн SAIC ќе ја врати култната британска марка MG меѓу европските возачи. Задачата да ја реанимира марката ја има компактниот СУВ-модел ZS EV со погон на струја. Електричниот автомобил долг 4,30 метри се продава на кинескиот пазар од пролетоска. Наесен, тој ќе биде достапен и за европските возачи.
Испораките ќе следат во почетокот на следната година. Електричниот MG во почетокот ќе може да се нарачува само онлајн на поголемите пазари во Европа. Компанијата наскоро ќе објави список на партнери што ќе ги преземат сервисирањето и реализацијата на гаранциските барања на возилата.
https://photos.app.goo.gl/7SUp85rWsGwmzPUT9
Наесен ќе бидат познати и останатите технички детали околу компактниот електро-СУВ од MG. Од тоа што е познато досега, батеријата располага со капацитет од 44,5 kWh. Според новата и реална норма WLTP, досегот со полна батерија ќе изнесува најмногу 262 километри. Електромоторот ослободува 143 КС и вртежен момент од 353 њутнметри.
https://photos.app.goo.gl/cxjJNjG6RXGCWBCf9
Британската марка основана во 1920-те години е прочуена по родстерите MG TD, MGA и MGB. Марката западна во тешки финансиски проблеми во почетокот на 1980-те години. Кинескиот концерн SAIC ја поседува марката од 2007 година и се цени како седми по големина автомобилски концерн во светот. General Motors и Volkswagen имаат неколку активни соработки на локално ниво со кинеската компанија.
https://photos.app.goo.gl/PNAXs35ixbNNPFUXA
Редовната цената на MG ZS на британскиот пазар изнесува 28.495 фунти. На тоа следуваат уште 3.500 фунти државна субвенција за електрични автомобили, како и дополнителни 3.500 фунти дилерски бонус за првите 1.000 купувачи, така што крајната цена се сведува на 21.495 фунти. Засега нема податоци дали 7-годишната гаранција на возилото и батеријата ќе важи и на европскиот пазар.
https://www.instagram.com/p/By7izlulwWV/
















