за

Skoda Octavia слави 60 години: Специјални серии Combi Tour и RS60

skoda octavia combi specijalna serija 60 godini
skoda octavia combi specijalna serija 60 godini

Првата Skoda Octavia е произведена во 1959 година. Во чест на јубилејот се подготвени две специјални серии, Octavia Combi RS60 со бандажи од 19 инчи, приспособливо подвозје и топ-навигација, како и Octavia Combo Tour со изобилство од комфорна и функционална опрема.

Skoda Octavia, срцето на чешката марка, годинава одбележува шест децении од првиот модел. Во таа чест се подготвени две специјални серии. Заеднички белег на Octavia Combi Tour и на Octavia Combi RS60 е изобилството опрема. Првиот модел доаѓа со автоматска клима, безжично полнење телефон, блутут, радио Bolero и греење на предните седишта, како и низа практични детали, вклучувајќи соборување на задната клупа со еден потег директно од багажникот. Зафатнината останува иста: Стандардно 590 литри. Во опремата спаѓа и соборување на совозачкото седиште.

На германскиот пазар, каде што прво ќе бидат достапни двете специјални серии, Combi Tour доаѓа поевтина за 3.655 евра отколку при посебно нарачување на сите ставки од опремата.

Skoda Octavia Combi Tour – Достапна со следните мотори, цени за германскиот пазар
  • 1,0 TSI (115 КС) 23.990 евра
  • 1,5 G-Tec DSG (130 КС, погон на метан) 29.130 евра
  • 2,0 TDI SCR (150 КС) 28.750 евра
  • 2,0 TDI SCR DSG (150 PS) 30.650 евра

Octavia Combi RS60 става дополнителен нагласок на динамиката и поседува бандажи од 19 инчи, приспособливо подвозје и навигација Columbus. Специјалниот модел ќе се изработи во серија од само 1.959 примероци, по цена од 41.090 евра во Германија.

Уште поексклузивно е кај Octavia Combi RS60, којашто се базира врз популарните изведби RS. Специјалниот модел поседува црни сјајни бандажи од 19 инчи со дизајн Xtreme, црни издувни цевки и затемнети задни стакла. Седиштата се обложени со микрофибер и алкантара. Фановите на спортскиот модел добиваат повеќе комфор во „RS60“: Греење на волан, електрично местење на седиштата, паркинг сензори напред и сензорско отворање на багажникот.

Суштината на RS не се губи. За тоа се грижи приспособливото подвозје DCC, со три модуси на работа на електрично управуваните вентили во амортизерите: Комфорен, нормален и спортски. Други силни белези на специјалниот модел се навигацијата Columbus со дисплеј од 9,2 инчи и виртуелниот дисплеј од 10,2 инчи, во замена за аналогните инструменти. RS60 исто така ќе се изработи во само 1959 примероци, според годината на првата Octavia.

Два мотори се достапни за Skoda Octavia Combi RS60:

(цени за германскиот пазар)

  • 2,0 TSI DSG (245 КС) 41.090 евра
  • 2,0 TDI SCR DSG 4×4 (184 КС) 43.040 евра

Skoda Octavia во 1959 година беше осмиот модел на Чесите по војната, па оттаму и името Octavia, од латинскиот збор за „осмо“.

Skoda Octavia I gen 1959

Ценовникот за Skoda Octavia Combi за македонскиот пазар стартува од 16.768 евра за изведбата со 1.0 TSI со 115 КС и ниво на опрема Active, додека RS почнува од 30.499 евра во верзија со 245 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota електрични возила

Трипати повеќе електрични возила до 2021 година

Chevrolet Corvette Stingray

Corvette по пример на Ferrari, со американски V8