Моделите на Kia со нови можности за финансирање преку Шпаркасе

киа финансирање шпаркасе 45
киа финансирање шпаркасе 45

Со освежена и комплетна моделска понуда, Киа Моторс Македонија има уште еден новитет за летово. Во соработка со Шпаркасе Лизинг се овозможува финансирање на моделите на Kia со можност за отплата до 84 рати и учество од најмалку 20 проценти, при годишна камата од 4,5 проценти.

Kia ја задржува актуелната на својата моделска понуда и со поволностите при продажбата на автомобилите. Киа Моторс Македонија во соработка со Шпаркасе Лизинг овозможува финансирање на моделите на Kia, со каматна стапка од 4,5 проценти, учество од најмалку 20 проценти од цената на возилото и отплата на 84 рати. Промотивната акција под насловот „Исполни ја твојата желба за нова Kia!“ ќе трае до септември годинава.

Како што се наведува во соопштението од Киа Моторс Македонија, тие „отсекогаш целеле кон креирање на реални можности и флексибилни решенија за своите потрошувачи, со цел да се оддржат долгорочни врски“. Секако дека под тоа се подразбира и единствената 7-годишна гаранција за моделите на Kia.

https://www.instagram.com/p/Bz0YvVTH1ys/

Персоналот на Киа Моторс Македонија ќе ги соопшти сите натамошни информации околу финансирањето при посетата на салоните. Наскоро ќе бидат достапни и информации директно на веб-страницата на марката, под kia.mk.

Нашите последни тестови на моделите на Kia:

Kia Ceed 1.4 mpi advance test

Тест: Kia Ceed 1.0 T-GDi Vision

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

Претходна објаваToyota Prius со погон и на батерија и на сонце
Следна објаваДве легенди на Seat на историско рели: Ibiza Kit Car, Ibiza Bimotor

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here