Toyota Prius со погон и на батерија и на сонце

Toyota Prius PHV соларни панели
Toyota Prius PHV соларни панели

Toyota Prius во плагин-хибридна изведба и со неколку соларни панели врз каросеријата наскоро ќе започне со тестирање. Целта е да се провери дали и колку панелите ќе ја подобрат ефикасноста на кралот на хибридите.

Во соработка со производителот на батерии Sharp и компанијата за истражување и развој Nedo е изработена посебна серија прототипи од Toyota Prius Plug-in Hybrid, со соларни панели што се поставени врз каросеријата. Тестирањето започнува веќе во текот на јули.

Соларните ќелии ги испорачува Sharp и истите постигнуваат ефикасност од 34%, што е значително подобро во споредба со постарите генерации на панели. Модули со овие соларни ќелии се поставени на покривот, на хаубата, на задниот капак и на други делови на Prius во изведба со плагин-хибриден погон.

Петпати поефикасните соларни панели овозможуваат батеријата на Toyota Prius PHV да се полни и при возење, не само во мирување

Поради поголемата површина и повисоката ефиасаност се постигнува трајна моќност на соларниот систем од 860 вати. Тоа е околу петпати подобро во споредба со постоечката изведба на Toyota Prius Plug-in Hybrid (официјално се води како Prius PHV) со опција за соларен покрив. Предноста е во тоа што батеријата сега може да се полни и при возење, не само во мирување. Тестирањето треба да докаже колку тоа ќе влијае врз намалувањето на потрошувачката на гориво на автомобилот.

Пробните возења ќе се вршат во Тојота Сити, Токио и други региони.

https://photos.app.goo.gl/td8rPZB8oWPcz7p48

Претходна објаваKia одбележува 15 години соработка со Рафаел Надал
Следна објаваМоделите на Kia со нови можности за финансирање преку Шпаркасе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here